Bojkic, Stefka (2016) Нега и третман на пациенти со руптуриранa аневризмa во спазам. Other thesis, Goce Delcev University.
Preview |
Text
специјалистички (2) godana konecno.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Вовед: Настанатото крварење во субарахноидалниот простор е сигнификантно поврзано со големиот морталитет и морбидитет. Околу 20-30% умираат додека да дојдат во медицинска установа, кај хоспитализираните болни морталитетот е околу 40%. Според своето настанување ендокранијалните аневризми можат да бидат вродени и стекнати.
Цел: да се прикаже инциденцата на руптурирани интракранијални анеуризми во Р.М. Според тоа во Република Македoнија има околу 200 нови случаи и на руптурирани аневризми годишно (Пемов)или е околу 10 на 100.000 жители годишно.
Материјал и методи:се работи за лонгитудинална студија од 2011-2015 година во која се обработени и статистички прикажани 65 пациенти третирани на неврохируршката клиника во Скопје.
Резултати:во испитувањето се вклучени 65 пациенти од кои 30, или 45% се мажи, а 35 или 55% се жени. Кај мажите 11, или 18% биле локализирани на артерија комуниканс антериор. 8, или 12% на артерија комуниканс постериор. На артерија церебри медија 3, или 1%. На артерија перикалоза 2, или 0.60%. На вертебро базиларниот слив 2, или 2.80%.Кај жените 10, или 13% биле локализирани на артерија комуниканс антериор. 12, или 15.70% на артерија комуниканс постериор. На артерија церебри медија 5, или 1.90%. На перикалоза 4 или 1.40%, а на вертебробазиларниот слив биле верифицирани 4 или 1.80%.
Дискусија:големината и локализацијата на аневризмите се едни од битните фактори за нивна руптура. Аневризмите поголеми од 25mm имаат ризик од 6% годишно за руптура. Према известувањата заклучено е дека аневризмите на вертебро-базиларниот слив и средната мозочна артерија имаат најголема можност за консеквентно крварење.Состојбата при приемот на пациентот е најдобар предиктор за исходот.Вкупниот морталитет и морбидитет е помал при изведување на интервенцијата во првите 72 часа.Рекрварењето драстично го зголемува морталитетот и морбидитетот, како присуство на интрацеребрален хематом, интравентрикуларна хеморагија и хидроцефалус.
Заклучок:Последиците од вазоспазмот може да се намалат со навремена интрервенција и третман.Третманот на пациетите со руптурирана интракранијална аневризма треба да биде ексклузивен и индивидуален за секој пацинет посебно, а мора да биде спроведена брза и оптимална дијагностика, рационално применет оперативен пристап.
Клучни зборови: интракранијална аневризма, хематом, хидроцефалус.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 28 Nov 2016 11:48 |
Last Modified: | 28 Nov 2016 11:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16719 |
Actions (login required)
View Item |