Sotiroski, Ljupco (2011) Право на ЕУ, правда и внатрешни работи - скрипта. ISBN 978-608-244-032-3.
Full text not available from this repository.Abstract
Скриптата насловена како Право на ЕУ, правда и внатрешни работи претставува сериозен обид за создавање квалитетно учебно помагало со прегледна содржина во рамките на Наставниот план и програма на Правниот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.
Концептот на Скриптата е наменет за студентите на првиот циклус на студии со цел да се претстави правото на Европската Унија и промоција и истакнување на значењето на Европскиот правен систем.
Содржината на Скрипта елаборира две основни тематски единици.
Првата е приказ на правото и суштината на правната рамка, методот на Заедницата и начините на функционирање вклучувајќи ги институциите, нивната структура и функционалност.
Втората тематска единица ја претставува структурата на европското државјанство, азил, миграција, полиција, заедничките политики, судската и граѓанската соработка која се остварува во рамките на првиот столб.
Изработката на Скриптата е резултат на темелно истражување на оваа материја, при што се користени голем број научни книги и трудови (на англиски, германски и македонски јазик).
Имајќи ја во предвид актуелноста на темата и постојаните измени и дополнувања на концептите и правната рамка во која делува Унијата, користени се и документи публикувани на веб страниците на Европската комисија.
По својата природа содржината на материјалот првично е намената за студенти кои ја изучуваат област на правото на Европската Унија и во исто време претставува предизвик за секој заинтересиран во проучувањето на комплексноста на правото на Европската Унија вклучувајќи го и делот на правда и внатрешни работи
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Sanja Stefanova |
Date Deposited: | 22 Nov 2012 10:41 |
Last Modified: | 08 Apr 2015 10:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1665 |
Actions (login required)
View Item |