Nikolovska, Violeta (2016) Народниот идеал на Мисирков прочитан денес во однос на македонскиот литературен јазик. In: Меѓународна научна конференција „Мисирков - предизвик за нови проучувања во науката“, 2-3 Nov 2016, Strumica, Macedonia. (In Press)
Preview |
Text
Programa - Misirkov 90.pdf Download (399kB) | Preview |
Preview |
Text
Misirkov%2090.pdf Download (230kB) | Preview |
Abstract
Според Мисирков, секој член на некоја општина или на некое другарство има извесен долг и извесни права кон и од нив. Тие права и тој долг бараат од поединецот да се одрече од некои свои права и интереси за да посвети дел од своите сили на општата корист на заедницата. Долгот кон народот и татковината зависи од историските прилики кои ги преживува еден народ и една држава. Во историските околности во кои живееше Мисирков, тој успеа да го дефинира долгот кон својот народ и да го определи народниот идеал кон чие остварување, според него, треба да се стреми секој осознаен човек. Делото „За македонцките работи“ е негов прилог кон остварувањето на тој нароеден идеал. Во него, свое место најде и прашањето за литературниот јазик, разгледано согласно со историските околности во кои се постави. Читајќи го Мисирков, особено неговото поимање на народниот идеал, ќе се обидеме да ги определиме историските околности во кои живее современиот македонски литературен јазик и предизвиците со кои се соочува, со цел да ги определиме насоките во кои треба да го негуваме, одржуваме и развиваме современиот литературен јазик, како духовно наследство на македонскиот народ и залог за зачувување на неговиот идентитет.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Violeta Nikolovska |
Date Deposited: | 22 Nov 2016 13:43 |
Last Modified: | 22 Nov 2016 13:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16627 |
Actions (login required)
View Item |