Социјалниот дијалог како фактор на позитивни општествени (економско-социјални) промени во светот

Majhosev, Andon (2012) Социјалниот дијалог како фактор на позитивни општествени (економско-социјални) промени во светот. In: Megunarodna Konferencija - Ekonomski fakultet, Stip, Macedonia.

[thumbnail of МЕГУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ЕКОНОМСКИ2012.doc] Text
МЕГУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ЕКОНОМСКИ2012.doc

Download (247kB)

Abstract

Мотив за пишување на трудот е да се одговори на прашањето дали и колку социјалниот дијалог влијае позитивно на севкупните општествените промени, како на национално, така и на глобално ниво во економско социјалната сфера. Истражувањето е во тесна врска со прашањето на односите помеѓу синдикатот, од една страна и здруженијата на работодавачите и владата од друга страна, односно со културата на водење на социјален дијалог.
Потребата од проблематизирање на социјалниот дијалог како фактор на позитивни општествени промени е иницирано пред се заради разрешување на некои актуелни проблеми кои во моментот се пречка за поинтензивен и подинамичен социјален дијалог што би резултирало со подобрување на бипартитниот и трипартитниот социјален дијалог во државата.
Основно истражувачко прашање е колку социјалниот дијалог влијае позитивно врз општествените и економско-социјалните промени, односно колку тој има влијание во креирање на синхронизирани (усогласени) економски и социјални политики во општеството.
За да го анализираме влијанието на социјалниот дијалог врз општествените промени во РМ ние се фокусираме на улогата на социјалните партнери (синдикатот, работодавачите и владата) од гледна точка на култура на социјален дијалог и прифаќање на барањата и интересите на партнерите, пред се на синдикатот. Се поставува едно друго прашање, а тоа е: Како ќе го препознаеме влијанието на социјалниот дијалог врз позитивните општествени промени? Ќе се обидеме тоа да го препознаеме преку:
1. Функционирање на бипартитниот и трипартитниот СД
2. Креирање на усогласени економски и социјални политики;
3. Преку (не)почитување на регулативата
4. Реакциите на социјалните партнери, пред се на синдикатот.
Предмет на нашето истражување ќе биде и влијанието на надворешните фактори врз ефективноста на социјалниот дијалог, особено од аспект на влијание на меѓународните финансиски институции (ММФ и Светска банка) и пазарот на трудот.
Од истражувањето се очекуваат следните резултати:
1. да се истражи непосредното влијание на внатрешните фактори, но и влијанието на надворешното опкружување, пред се: правната рамка, влијанието на меѓународните финансиски институции (ММФ, Светска банка) и пазарот на трудот.
Вредноста на трудот е во тоа што ќе се идентификуваат проблемите, но и начините за подобрување на социјалниот дијалог во РМ.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Sanja Stefanova
Date Deposited: 22 Nov 2012 10:40
Last Modified: 22 Nov 2012 10:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1660

Actions (login required)

View Item View Item