Runteva, Ljupka (2016) Примена на медицинска рехабилитација кај пациенти со прележан мозочен удар во општина Штип во период од 2010 – 2012 година - специјалистички труд. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Специјалистички труд Љупка Рунтева содржина.pdf Download (382kB) | Preview |
Preview |
Text
Специјалистички труд Љупка Рунтева.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Акутниот мозочен удар претставува трета причина за смртност и прва причина за појава на инвалидитет во развиените земји во светот, при што се проценува дека на секои 45 секунди настанува мозочен удар, а на секои 3 минути умира една личност како последица од мозочен удар. Најчесто, една половина од афектираните случаи се онеспособени, што го прави мозочниот удар една од главните причини за долготрајна физичка, когнитивна, социјална, емоционална и работна неспособност.
Мозочниот удар е клинички синдром кој се карактеризира со акутен губиток на мозочната функција која трае подолго од 24 часа или доведува досмрт. Она што е алармантно е тоа што ако до пред некоја година мозочниот удар се сметаше за болест на постарата популација, новите епидемилошки студии покажуваат дека од оваа болест често заболуваат и лица помлади од 55 години.
Контролата на ризик факторите кај популацијата со предиспозиција за појава на мозочен удар е многу значајна и го намалува ризикот за појава на мозочниот удар. Воведувањето на раната соодветна медицинска рехабилитација е исто така многу значајна, ги намалува компликациите и помага во порано опоравување на пациентот.
Клучни зборови: мозочен удар, тромбоза, рехабилитација, ризик фактори.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 25 Oct 2016 13:29 |
Last Modified: | 25 Oct 2016 13:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16492 |
Actions (login required)
View Item |