Говорниот чин барање и модификација на барањата

Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija and Daskalovska, Nina (2016) Говорниот чин барање и модификација на барањата. International Journal Knowledge, 14.1. pp. 397-400. ISSN 1857-92

[thumbnail of Nina.pdf]
Preview
Text
Nina.pdf

Download (986kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се претставуваат истражувањата и резултатите од проектот насловен „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“ (The role of explicit instruction in developing pragmatic competence in learning English and
German as a foreign language), проект кој се изведува на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а кој се постави за истражување заради зголемениот интерес за прагматиката и прагматичките проучувања кај изучувачите на странски јазик (англиски и германски). Во центарот на истражувањата на овој труд се наоѓа говорниот чин барање како и нашиот обид да се определат елементите од кои што се состои барањето, поткрепени со примери добиени од испитаници – студенти од Филолошкиот факултет од Штип. Анализите се насочуваат кон испитување на составните делови на овој говрен чин, како на пример: апел, помошни елементи за изразување на барањето, глава на говорниот чин, внатрешни модификатори, како и детален преглед на внатрешните и надворешните модификатори за да се увиди кои се најчесто употребувани елементи. Нашата анализа се насочува понатаму кон испитување на синтаксичките ублажувачи и нивната функција кои се користат за изразување на говорниот чин барање, како и нивната специфичност во мајчиниот и во странскиот јазик. Испитувањата се потврдуваат со примери од тестот за дискурсна анализа (DCT), како и co примери добиени од инструментот за испитување и оценување прагматичка компетенција игра по улоги (role plays).
Клучни зборови: говорен чин барање, модификација, синтаксички ублажувачи.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 13 Oct 2016 12:25
Last Modified: 13 Oct 2016 12:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16440

Actions (login required)

View Item View Item