Корпоративното управување во транзиционите економии

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica and Georgieva Svrtinov, Vesna and Nikoloski, Krume (2016) Корпоративното управување во транзиционите економии. International Journal Knowledge. ISSN 1857-92

[thumbnail of Scientific journal 14.2k.pdf]
Preview
Text
Scientific journal 14.2k.pdf

Download (788kB) | Preview

Abstract

Со се поизразениот процес на глобализација на светскиот пазар, концептот на корпоративно
управување добива се поголемо значење. Глобалната економска криза во прв план ги истакна
проблемите во врска со корпоративното управување, како во развиените земји, така и во економиите во
транзиција. Анализирајќи ги последиците од глобалната економска криза, како невидениот колапс на
голем број фирми, огромниот раст на невработеноста, како и зголемениот број луѓе кои живеат на
границата на сиромаштијата и под неа, можеше да се заклучи дека дел од овие проблеми потекнуваат од
различните слабости и неуспеси на корпоративното управување. Дури и покрај воведувањето на бројни
правила, кодекси и практики на корпоративно управување, глобалната економска криза покажа дека е
неопходна поефикасна примена на принципите на корпоративното управување. Прашањата поврзани со
корпоративното управување се особено значајни за транзиционите економии, од причина што тие не
располагаат со воспоставена финансиска институционална инфраструктура неопходна за нивен развој.
Пред 1989 воопшто и не се дискутираше за потребата од корпоративно управување, од едноставна
причина што сите претпријатија беа државни и не постоеја акционери. Меѓутоа, оваа состојба се
промени. Овој труд го обработува корпоративното управување, со посебен акцент на земјите во
транзиција. Директорите, сопствениците и корпоративните менаџери сватија дека постојат многу
придобивки од развиената структура на корпоративно управување во компаниите. Доброто
корпоративно управување овозможува зголемување на цената на акциите и го олеснува обезбедувањето на капитал. Меѓународните инвеститори одбиваат да позајмуваат средства или да купуваат акции од
компании кои немаат воспоставено принципи на добро корпоративно управување. Особено значајни во
овој поглед се транспарентноста, независните директори и самостојниот ревизорски одбор во
компаниите.
Клучни зборови: корпоративно, управување, транзиција, принципи

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 12 Oct 2016 10:32
Last Modified: 12 Oct 2016 10:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16423

Actions (login required)

View Item View Item