Ampovska, Marija (2012) Концептот на нематеријална штета - правна регулатива и правни тенденции. Годишен зборник на Правен факултет, 2.
Text
Концептот на нематеријална штета-правна регулатива и правни тенденции.pdf Download (439kB) |
Abstract
Во услови во кои сé поголем е бројот на односи настанати со причинување на штета како актуелно прашање се наметнува прашањето за нејзин надомест. Меѓу основните прашања кои правото треба да ги одговори во поглед на надоместот на штета е прашањето кога одредена штета е надоместлива. Ако се земе во превид дека концептот на материјална штета е прилично развиен и познат уште од многу стари времиња, ова прашање се сведува само на концептот на нематеријална штета кој го прифаќаат правните системи. Тој е порестриктивно поставен во поглед на материјалната штета и воглавно казуисички се утврдени случаите кога е дозволен надомест на нематеријална штета. Ваквите решенија воедно доведуваат до ситуација најголемиот дел од случаите кога се причинува нематеријална штета да останат надвор од границите на правото и оштетениот сам да ја поднесува штетата. Од друга страна, измените во правните правила во последните години укажуваат на присуство на една тенденција која се придвижува кон создавање на општо правило за надомест на нематеријална штета. Развојот на овие тенденции го согледуваме преку анализата на одредбите на граѓанските законици, меѓународните инстументи кои ја уредуваат договорната одговорност, како и на примерот на македонското право.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Marija Radevska |
Date Deposited: | 24 Nov 2012 09:53 |
Last Modified: | 28 Jan 2015 12:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1634 |
Actions (login required)
View Item |