Paceskoski, Vlatko (2016) Меѓународна економија - меѓународни финансии и трговија - практикум. ISBN 978-608-244-317-1.
Full text not available from this repository.Abstract
Практикумот “Меѓународна економија-меѓународни финанси и трговија” пред се е наменет за студентите од насоката Меѓународна економија на економските факултети. Има за цел да помага на студентите при совладување на содржината за наставните дисциплини како: Глобализација, Меѓународни финансии, Меѓународна трговија, Меѓународен монетарен и трговски систем, Меѓународна економија и други. Исто така, практикумот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од меѓународната економија. Егзистирањето и функционирањето на меѓународните економски односи на принципите на работа и ефектите од постојниот меѓународен монетарен и трговски систем фундирани на основа на проширената репродукција во светската економија. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно.Тргнувајќи оттука во практикумот се истражувани и дава одговор следниве тематски подрачја:
- процесот на глобализација и регионализација во светската економија;
- теоретскте концепции за меѓународната трговија;
- инструменти, мерки и регулатива на меѓународната трговија;
- регионални интеграции;
- основните обележја на современите текови во меѓународната економија;
- улогата и значењето на меѓународното движење на капиталот во светската економија;
- меѓународни трговски и финансиски институции;
- девизен пазар;
- девизни курсеви;
- меѓународен пазар на капитал;
- биланс на плаќање.
Всушност меѓународните економски односи и текови во светското стопанство пробудуваат голем интерес како во економската теорија исто така и во современата практика. До таквиот интерес се доаѓа поради фактот што состојбите, тековите и предизвиците од меѓународните економски односи имаат големо непосредно значење и влијание врз: човекот како индивидуа; стопанските субјекти; националните стопанства и светската економија.
Предмет на истражување на трудот е конкретната економска активност на меѓународните економски односи , се со цел изнаоѓање на законитостите и принципите на нивно функционирање и развиток. Притоа основна задача е проучување и анализирање на односите помеѓу резултатите и ефектите од овие односи врз националните стопанства како основен субјект во меѓународните економски текови. во процесот на светската репродукција.
Секако секој труд што претендира совесно и одговорно да ги остварува процесите и проблемите на егзистирање и функционирање на меѓународните економски однос преставува придонес за развојот на економската мисла.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Vlatko Paceskoski |
Date Deposited: | 28 Nov 2016 11:05 |
Last Modified: | 28 Nov 2016 11:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16280 |
Actions (login required)
View Item |