Georgievski, Boris (2016) Злоупотреба на супстанции во спортот. Other thesis, Goce Delcev University-Stip.
Preview |
Text
_specijalisticka.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Злоупотребата на супстанции и лекови, и нивно користење во нетерапевтски потреби најчесто се применува во спортот кое е директно поврзано со допингот кој во основа е штетен за здравјето на спортистот, независно од подобрувањето на неговата натреварувачка способност пред и за време на натпреварот.
Истражувањето во оваа студија укажува дека повеќето од спортистите користат ергогени и анаболни супстанции со цел подобрување на сопствената физичка способност. Меѓутоа, предноста здобиена од некоја супстанција мора сериозно да се процени во поглед на соодносот на позитивниот ефект врз перформансите, наспроти обемот на оштетување на здравјето. Спортистите во допингувањето употребуваат дози за 10 до 50, а понекогаш и до 100 пати повисоки од прифатените терапевтски дози, што само ја поткрепува тезата дека истите не ги следат терапевтските ефекти на супстанциите што ги користат, туку секундарните ефекти кои се јавуваат со дози кои никогаш не се давани или постигнати во терапевтски цели. Здравствените несакани ефекти зависат од типот на супстанцијата, количината и временскиот рок на внес, како и од осетливоста на самиот организам на одредена супстанција.
Во студијата е анализиран биолошки материјал (серум и урина) коj е селектиран од 60 спортисти поделени во четири групи на возраст од 18 до 39 години, сите од машки пол. Посебно е испитувана група на спортисти кај кои е потврдено користење на анаболни стероиди. Следени се клиничко биохемиските параметри на спортисите како: крвна слика со еритроцитните индекси,гликемија,хепатална функција со ензимската активност, холестерол, HDL, LDL, билирубин. Урината како биолошки материјал e испитувавaна со траки URK9, а промените во седиментот се следени микроскопски. Во Република Македонија, во периодот од 2006 до 2014 година, направени се вкупно 630 испитувања на забранети супстанции во спортот од кои кај четворица резултатите беа позитивни. Фреквенцијата и острината на несаканите дејства се различни и се во зависност од типот на медикаментот, дозата, времетраењето на користењето и личната осетливост на организмот.
2
Во периодот 2011-2014 година се потврдени осум спортисти од сите дисциплини кои користели анаболни стероиди (податоците се превземени од достaпната литература).
Хематолошките и клиничко - биохемискте параметри кои беа предмет на испитување покажаа сигнификатни отстапувања во однос на контролната група. Добиените резултати од биохемиските анализи извршени кај спортистите од соответните групи се во границите на референтните вредности. Кај групата спортисти кик-боксери потврдивме сигнификантни промени на LDL (p<0.05) кое веројатно се должи на исхраната кај овие спортисти и мускулната маса.
Кај спортистите кои употребуваа подолг временски период анаболни стероиди потврдено е сигнификантно зголемување на бројот на еритроцитите (р<0.01) , како и значајни промени во концентрацијата на хемоглобинот (p<0.01). Резултатите од испитувањата на концентрациите на липидните компоненти кај групата на спортисти корисници на анаболни стероиди укажуваат на сигнификантно зголемување на концентрацијата на холестерол и LDL (p<0.01), а високо значајно намалување на концентрацијата на HDL (p<0.001). Зголемувањето на плазматските концентрации на аминотрансферазите одразуваат хепатоцелуларно оштетување или барем зголемена пропустливост на хепатоцелуларната мембрана. При следењето на состојбата на хепаталната функција кај спортисти кои користеле анаболни стероиди добивме стататистички значајно покачување на активноста на AST и ALT (р<0.001).
Клучни зборови: анаболни стероиди, допинг, наркотици, глукокортикоиди, бета-блокатори, суплементи, несакани дејства.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 12 Sep 2016 10:03 |
Last Modified: | 12 Sep 2016 10:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16174 |
Actions (login required)
View Item |