Kamceva, Gordana (2016) Коронарна артериска болест и биолошки маркери на оксидативен стрес. PhD thesis, Универзитет "Св.Кирил и Методиј".
Preview |
Text
Rezime.pdf Download (192kB) | Preview |
Preview |
Text
Naslovna.pdf Download (298kB) | Preview |
Abstract
Коронарната артериска болест (КАБ) е главна причина за морбидитет и морталитет во целиот свет. Во современиот концепт за патогенеза на атеросклероза ендотелијалната повреда здружена со зголемена продукција на слободни радикали кои се создаваат во процесот на оксидативниот стрес имаат се позначајна улога. Оваа студија ќе се обиде да даде придонес кон утврдување на влијанието на оксидативниот стрес врз развојот на КАБ и поврзаноста на ризик факторите за КАБ со промени во оксидативниот стрес. Бројни сознанија од литературата укажуваат дека оксидативниот стрес е зголемен при КАБ, а ефикасен третман за тоа сé уште не е пронајден.
Цели на истражувањето
Испитувањето имаше за цел да ја утврди: 1.Поврзаноста на биолошките маркерите на оксидативниот стрес кај различни групи на КАБ; 2.Влијанието на ризик факторите (пушење, шеќерна болест, артериска хипертензија, хиперлипидемија) за КАБ и нивната поврзаност со промените на оксидативниот стрес.
Материјал и методи
Испитувањето е клиничко проспективна (пресечна) студија во кое беа вклучени 300 пациенти со коронарна артериска болест (КАБ) и 30 здрави крводарители како контролна група. Врз основа на неинвазивни методи (електрокардиограм, ехокардиографија) и лабораториски анализи (маркери на некроза: миоглобин, тропонин, креатинин киназа – CК-MB) пациентите беа поделени во две групи, со соодветни подгрупи. Кај сите пациенти беа испитани и ризик факторите за КАБ. Кај сите пациенти беа одредувани следните биомаркери на оксидативен стрес: еритроцитна концентрација на продукти на липидна пероксидација реактивни со тиобарбитурна киселина (Thiobarbituric acid reactive supstances, TBARS), изразени како концентрација на малонилалдехид (MDA) и вкупните хидропероксиди во плазма, како и еритроцитна активност на примарните антиоксидантни ензими: супероксид дизмутаза (SOD), каталаза (CAT) и глутатион пероксидаза (GPX).
Резултати
Пациентите беа на просечна возраст од 62,97±11,18 години и доминираа оние од машки пол (194 мажи односно 64,67% и 106 жени односно 35,33%). Од нив, 187 (62,3%) пациенти беа со дијагноза за акутна коронарна артериска болест и 113 (37,7%) пациенти со хронична (исхемична) коронарна болест на срцето. Во однос на ризик факторите за атерогенеза, артериската хипертензија (62,33%) беше најчесто застапена кај пациентите, а потоа хиперлипидемијата (42,67%), па потоа пушењето цигари (34,0%) и шеќерната болест (28,33).
Кај пациентите со КАБ, пред се кај пациентите со акутна коронарна артериска болест докажавме зголемен степен на оксидативна оштета, преку зголемени вредности на концентрацијата на малонилалдехид и вкупните хидропероксиди со истовремено намалена антиоксидантна заштита, преку намалена активност на супероксид дизмутаза, каталаза и глутатион пероксидаза. Кај активните пушачи со КАБ споредено со групата на пациенти непушачи со КАБ и контролната група на здрави крводарители беше исто така докажан зголемен оксидативен стрес. Бројот на испушените цигари значајно влијае во промена на биомаркерите во полза на оксидативна штета. Исто така, и кај пациентите КАБ и шеќерна болест, како и кај пациентите со артериска хипертензија имаше многу поголема концентрација на оксиданти, а намалана активност на антиоксидантни ензими.
Заклучок
Како и голем број на студии, и оваа студија потврди дека оксидативниот стрес, со нарушена рамнотежа меѓу оксидантни и антиоксидантен статус, е присутен кај пациенти со КАБ, пред се во акутната фаза на болеста. Потребни се дополнителни и потесни иследувања на подгрупите кај КАБ со цел да се утврди ефикасен третман за задржување на рамнотежата помеѓу концентрацијата на оксиданти и активноста на антиоксидантите ензими.
Клучни зборови: маркери на оксидативен стрес; оксидативна оштета; антиоксидативна заштита; коронарна артериска болест.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 12 Sep 2016 12:31 |
Last Modified: | 12 Sep 2016 12:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16132 |
Actions (login required)
View Item |