Zisovska, Elizabeta and Isahi, Lirim and Isahi, Edita (2016) Безбедноста на пациентите во фокусот на акредитацијата. Vox Medici, 25 (90). pp. 18-20. ISSN 1409-8865
Preview |
Text
Зисовска-безбедност на пациентите.pdf Download (175kB) | Preview |
Preview |
Text
90.pdf Download (8MB) | Preview |
Abstract
Акредитацијата сама по себе претставува еден комплексен процес на проценка и утврдување на нивото на квалитет на пружање на здравствена заштита во рамки на здравствените установи, врз основа на претходно утврдени стандарди за квалитет.
Со цел да се прецизира концептот на управување со ризик, првично е неопходно да се утврди што претставува поимот ризик. Оттука ризикот би можело да се дефинира како поголема или помала веројатност, некој да биде повреден како резултат на некоја опасност.
При идентификување на ризик секогаш би можело да се одговори на прашањето за тоа што би можело да тргне во несакан правец и на тој начин би претставувало ризик за установата, како би дошло до тоа и кои би биле последиците од една таква ситуација.
Во ситуација кога би се идентификувал ризик, потребно е да се анализира, колку често може да се повтори истиот, колку би чинел истиот и колку сериозни би биле последиците од настанување на тој ризик.
Контролата на ризикот опфаќа една друга димензија, односно го регулира начинот на пристап кон истиот во ситуација кога тој веќе настанал.
Веројатноста за појава на одреден ризик, ја наметнува потребата од предвидување на финансиска рамка за справување со тој ризик.
Како резиме, може да се каже дека од клучно значење за ефикасно управување со ризиците по однос на создавање на безбедна клима за пружање на квалитетна здравствена заштита особено значајни се едукацијата и запознавањето на вработените со ризиците и мерките за нивно откривање како и стратегијата за справување со истите. Едукацијата која се врши се фокусира на спроведување на континуирана медицинска едукација како и едукација од областите на безбедност и заштита при работа, противпожарна заштита, управување со отпад и низа други области.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Elizabeta Zisovska |
Date Deposited: | 23 Aug 2016 11:16 |
Last Modified: | 23 Aug 2016 11:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16130 |
Actions (login required)
View Item |