Jovanovska, Dobrila (2016) Унапредување на процесот на проверка на знаењата по математика по електронски пат со примена на некои софтверски алатки. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Magisterski trud - Dobrila Jovanovska.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Краток извадок
„Е-оценувањето, всушност, е многу повеќе од алтернативен начин на работење на она што веќе го правиме... Оценувањето е можеби најдобриот начин за идентификување на потребата од поддршка на учениците и може да ја всади желбата за понатамошен напредок ако е поврзанo со соодветни ресурси, добар квалитет, навремени повратни информации, и да се предизвикаат, но и да се стимулираат начини на покажување разбирање и вештини.“(Joint Information Systems Committee-JISC, 2007)1
ОЦЕНУВАЊЕТО е еден од најважните и најмоќните елементи на образовниот процес и еден од најтешките за реформа. Сепак, зголемена е потребата од реформа во оценувањето, особено ако е во чекор со други теоретски, културни и технолошки развои кои влијаат на наставата и на учењето. (Broadfoot, 2007)
Отсекогаш наставата по математика претставувала тема околу која се воделе доста полемики, почнувајќи од ниво какви програми бараат наставниците, до начинот на реализација на самата настава. Покрај постојните недоумици во врска со содржините и начинот на презентирање теми од математиката, во денешно време на забрзаниот развој на информациските технологии, наставата по математика, како и целокупната сфера на образованието е соочена со новите предизвици. Ова, пред сè, се однесува на потребата информациските технологии да се интегрираат во образовниот процес. Во рамките на ова, една од најинтересните новини која го привлече моето внимание и е предизвик за изработка на магистерскиот труд е т.н. електронско учење (е-learning) и можностите за негова примена во образовниот процес во основното образование, особено во наставата по математика во функција на нејзино унапредување.
Во современата настава се среќаваме со мноштво различни мултимедијални содржини кои придонесуваат за подигање на квалитетот во наставата, зголемување на мотивацијата, подобра реализација на наставната содржина и подобро индивидуално напредување на ученикот во согласност со неговите интелектуални способности. Со примената на информациско-комуникациската технологија, особено алатките и технологијата од електронското учење, учениците своите веќе стекнати знаења можат да ги прошират и конкретно да ги применат, бидејќи современите пристапи во наставата имаат за цел стекнатото теориско знаење да се примени во практиката.
Овој труд ќе даде придонес во унапредувањето на наставата по математика, особено процесот на оценување и на проверување на знаењата на учениците како неизоставен дел од наставниот процес. Во трудот се опишани популарните и достапни алатки за креирање онлајн тестови и предлози за нивна имплементација во наставата. За секоја алатка се наведени основните и клучни карактеристики. Како доказ дека алатите за креирање онлајн тестови значително можат да помогнат во наставниот процес, се реализираше теренско истражување за можностите за примена на овие алати и нивна конкретна реализација.
Овој труд се состои од три клучни дела, сегменти.
Во првиот дел од ова истражување се врши вовед во предметот за истражување. Се врши дефинирање на поимот електронско оценување и електронско тестирање, а наедно е направена и паралела меѓу класичното традиционално оценување и оценувањето со помош на системите за електронско учење. Исто така се наведени и некои истражувања во земји поврзани со користење на алатките за електронското оценување, анализа на придобивките и недостатоците меѓу класичното оценување и оценувањето по пат на системот за електронско учење.
Во вториот дел е даден опис на алатките со кои може да се креираат електронски тестови во функција на подигање на евалуацијата во наставата на
Магистерски труд Добрила Јовановска
повисоко ниво. Алатки опишани во овој дел се: QuizMaker, Qedoc, Articulate Quizmaker, HotPotatoes, QuizFaber и WebQuiz XP и други.
Третиот дел, сегмент од овој труд го содржи теренското истражување и интерпретацијата на конкретните резултати од спроведеното истражување, анализа и дискусија. Особено важно е да се забележи дека ќе се направи компаративна анализа меѓу искуствата од други образовни системи и искуствата и резултатите од теренското истражување.
Клучни зборови: оценување, е-оценување, е-тестирање, математика, алатки за онлајн тестирање, мултимедијален
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Marjan Markov |
Date Deposited: | 22 Aug 2016 11:56 |
Last Modified: | 22 Aug 2016 11:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16125 |
Actions (login required)
View Item |