Здравствена апликација базирана на уреди погодни за носење (wearable), мобилни и облак технологии

Cekova, Jasna (2016) Здравствена апликација базирана на уреди погодни за носење (wearable), мобилни и облак технологии. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Magisterski Jasna Cekova.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterski Jasna Cekova.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Кога станува збор за здравјето, најновите уреди од информатичко-комуникациската технологија ИКТ нудат огромни можности. Драстичното намалување на цените и димензиите на современите сензори овозможи тие да се вградат во голем број уреди за носење (wearable) кои може да обезбедат точни и прецизни мерења на срцевите отчукувања. Мониторирањето на овие параметри може да придонесе за подобрување на здравјето на луѓето. Исто така нивното следење во реално време може да се користи за алармирање на докторот во случај на вонредни ситуации. Сензорите се ограничени во нивните можности за зачувување и обработување на податоци, затоа е потребно да се изгради целосен интегриран систем кој ќе содржи уред за носење, апликација за мобилен телефон и за веб/облак апликација.
Најважните придобивки од системот се: зголемување на медицинска превенција, брзо време на одговор од лекарите, 24-часовно следење на состојбата на пациентот, можност за известување при влошување на состојбата на пациентот, запис на измерените податоци (пулс). Нашиот систем создава можност за зголемување на здравствена заштита на пациентот во рамките на нивните домови од 24-часовно следење и зголемување на медицинската интервенција за здравствена заштита. Исто така се овозможува и следење во самата болница каде пациентот е сместен на лекување. Ова резултира со намалување на севкупните трошоци за пациентите и болниците и го подобрува квалитетот на животот на пациентот.
Клучни зборови: андроид апликација, следење на здравјето, уреди погодни за носење, веб/облак технологии.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 05 Aug 2016 08:48
Last Modified: 05 Aug 2016 08:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16071

Actions (login required)

View Item View Item