Manevski, Dimitar (2016) Примена на изокинетиката и изокинетичката дијагностика при повреда на преден вкрстен лигамент ACL. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
ГОТОВ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД од Ленче.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во денешно време кога животот оди се повеќе во насока на седентарен
начин на живеење, а човековиот организам еволуциски не е навикнат на
ваквиот начин на адаптација , исклучително е значајно да се посвети поголемо
на системот на движење.
Светските трендови покажуваат значајно квантитативно зголемување на
спортско- рекреативните активности со кои се занимаваат луѓето во текот на
своето слободно време. За жал, таквите обиди често резултираат со повеќе
штетa отколку корист, бидејќи се изведувани стихијно, најчесто без план и
програма, и посебно без адекватен надзор и подготовки на коскенозглобниот,
мускулниот и кардио - респираторниот систем
Поради тоа, кај таквите активности понекогаш доаѓа дури и до тешки
последици како што се инфаркт на срце, мозочен удар, но во најчести случаи
проблемите обично се поврзани со самиот локомоторен апарат. Така често
наидуваме на истегнати и пукнати мускули и тетиви, проблем со зглобовите во
смисла на руптура на лигамент, дегенеративни оштетувања (најчесто на
рскавицата) а во најлоши случаи дури и стрес фрактури на коските. Поради
тоа, би било добро најпрво да се зајакнат мускулите, да се оспособат
зглобовите, тетивите и коските а дури потоа да се почне со активност. Една од
исклучително ефикасни методи за тоа е изокинетичкото вежбање, со чија
помош активно се засилува мускулатурата без опасности од преоптоварување
на зглобовите. Тоа е значајно во превенцијата, бидејќи на тој начин ги
доведуваме во баланс антагонистичките групи т.е. оптимално го подготвуваме
целиот мускулно - скелетен систем за планираната рекреација.
Изокинетичкото вежбање е најмногу корисно кај луѓе кај кои веќе дошло до
одредени патолошки промени, првенствено оштетување на зглобови (повреди,
воспалителни или дегенеративни болести и слично). По завршување на
изокинетичкиот третман исклучително е важно што порано да се продолжи со
некој вид на планирана физичка активност, со цел одржување на мускулна
сила и кардио - респираторниот систем.
2
Медицинската гимнастика или кинезитерапија има посебна важност во
превенцијата, во лекувањето или во процесот на рехабилитација, без разлика
на причината која ја предизвикала повредата.
Само со индивидуално дизајнирана програма на медицинско вежбање може
да се очекуваат задоволителни резултати. Денес се истакнува потребата за
што побрзо и целосно враќање на функциските способности на зафатениот
зглоб, екстремитетите или организмот во целина.
Кинезитерапијата е значајна дисциплина со сложен пристап во креирањето
на посебни програми за вежбање. Се разликуваат неколку главни видови
медицински вежби: изометрички, изотонички, изокинетички.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 08 Jul 2016 10:55 |
Last Modified: | 08 Jul 2016 10:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16003 |
Actions (login required)
View Item |