Paunovska, Minola (2016) Застапеност на белодробни заболувања кај децата во Р.М и методи од традиционална кинеска медицина за нивно лекување. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Specijalisticki trud - Minola Paunovska.pdf Download (745kB) | Preview |
Abstract
Белодробните заболувања се едни од најчестите, ако не и најчести заболувања
во детската возраст. Евидентиран е неверојатно голем пораст на алергиските
заболувања, и затоа се води особена грижа сите деца - пациенти, да бидат
згрижени и да им се пружи соодветна дијагностика, третман и следење - да се
подобри квалитетот на нивното живеење.
Ако состојбата на детето е комплексна, неопходен е мултидисциплинарен
медицински приод кон белодробните заболувања како мошне комплексни
случаи. За малите пациенти се грижат специјалисти- педијатриски пулмолози,
како и специјалисти за педијатриска интензивна нега и неонатологија,
специјалисти за бронхологија, оториноларингологија, педијатриска пулмолошка
радиологија, специјалисти за биохемиски и хематолошки испитувања,
микробиологија и други здравствени соработници.
Истражувањата покажуваат дека терапевтскиот допир кај децата може да ја
намали болката и да го зајакне имунитетот кај децата. Алтернативните методи
предложени во овој труд се едноставни, слободни и може да се применат
секаде, во било кој момент, со многу малку напора и припреми. Со цел да се
добие максимална корист мудро е да се следат основните упатства. Во трудот
се дадени чекор по чекор упатства за масажа на главата, вратот и грбот, за
акупресура и за рефлексотерапија. Дадени се и корисни совети за постапките со
кои што можеме да го зајакнеме здравјето на нашите деца. Тие едноставно се
помош во природниот процес на исцелување на децата. Овие алтернативни
методи можат да се користат и за превенција, а не само кога се присутни
симптоми на белодробни болести.
Клучни зборови: белодробни заболувања, алергии, масажа, алтернативни
методи, рефлексотерапија
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 08 Jul 2016 10:54 |
Last Modified: | 08 Jul 2016 10:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16002 |
Actions (login required)
View Item |