Извори на финансирање на малиот бизнис со посебен осврт на македонската практика

Paskova, Kristina (2016) Извори на финансирање на малиот бизнис со посебен осврт на македонската практика. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Magisterska na Kristina Paskova 2016.pdf]
Preview
Text
Magisterska na Kristina Paskova 2016.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Развојот на малите претпријатија е еден од клучните елементи за постигнување забрзан економски раст и зголемување на вработеноста. Малите и средните претпријатија во развиените земји учествуваат со повеќе од 50% во вкупната вработеност и бруто домашниот производ. Кај земјите со ниски приходи процентот на регистрирани мали и средни претпријатија е значително помал, но доколку се додадат малите фирми од неформалниот сектор тогаш нивното учество во економијата е значителен, и е процентуално слично со развиените земји. Со развојот на малите претпријатија се зајакнува конкурентноста и претприемништвото, а со тоа директно се влијае врз подобрувањето на продуктивноста, ефикасноста и иновативноста во економијата на една земја. За поттикнување на растот на малите и на големите претпријатија потребно е опкружување со развиен бизнис. Микроекономските политики постојано се насочени кон отстранување на пречките кои го попречуваат растот на малите и средните претпријатија.
Постојат бројни пречки што се занемаруваат, а со кои се среќаваат сопствениците на мали претпријатија. Најчесто тоа е недостигот на искуство, недостигот на пари, премногу вложен капитал во фиксни средства, погрешна локација и слично.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 08 Jul 2016 10:48
Last Modified: 08 Jul 2016 10:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15997

Actions (login required)

View Item View Item