Angelovska, Bistra (2016) Пушењето и здравјето. Ваш аптекар (9). pp. 9-10. ISSN 1857-971X
Preview |
Text
pusenje1.pdf Download (404kB) | Preview |
Abstract
Пушењето е главен ризик фактор за срцеви заболувања!
Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба и заедно со катранот (остаток кој содржи смола и други пропратни соединенија) имаат негативни здравствени последици. Тие последици вклучуваат рак на белите дробови, рак на грлото и рак на устата, срцеви болести, удари, емфисема, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата.
Повеќето луѓе го поврзуваат пушењето цигари со проблемите во дишните органи и појавата на рак на белите дробови. Истражувањата покажуваат дека пушењето цигари е одговорно за околу една петтина од сите смртни случаи предизвикани од срцеви болести. Пушачите имаат два до четири пати поголем ризик од болести на кардиоваскуларниот систем и околу 70 проценти повисок ризик од смртност како последица на болестите на кардиоваскуларниот систем во споредба со непушачите.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 07 Jul 2016 10:19 |
Last Modified: | 07 Jul 2016 10:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15957 |
Actions (login required)
View Item |