Dimova, Cena and Naskova, Sanja (2016) Употреба на TachoComb кај орално антикоагулирани пациенти. In: Прв македонски конгрес за орална и имплантна хирургија, 02-04 June 2016, Skopje, Makedonija.
Preview |
Text
РАСПОРЕД-ЗА-ПОСТЕР-ПРЕЗЕНТАЦИИ-landscape-1-1.pdf Download (274kB) | Preview |
Preview |
Text
Abstract Book Congress 2016.pdf Download (3MB) | Preview |
Preview |
Text
Cena Dimova.pdf Download (434kB) | Preview |
Abstract
Целта на оваа студија беше да се покаже специфичниот орално хируршки пристап и третман на пациенти со орални антикоагуланси при користење на TachoComb за топикален третман на крварењето по оралнохируршки процедури.
Во истражувањето беа вклучени 40 пациенти подложени на оралнохируршки процедури кај лица со антикоагулантна терапија. Орално хируршката подготовка вклучуваше: лабораториски прегледи на крв и антибиотска профилакса (според протоколот на Американското здружение за срце - АХА).
Детална анамнеза, преглед и РТГ иследувања беа направени кај секој испитаник. Беа извршени 45 орално хируршки интервенции. Оралните антикоагуланси беа прекинати пред интервенциите, беше вклучен нискомолекуларен хепарин (LMWH) како премостувачка терапија, пред и по интервенциите. Дефинитивна локалните хемостаза беше постигната со TachoComb како хемостатски модалитет (топикален третман на крварење).
Крварење (со индекс 1) беше забележано кај 4 (10%) лица при првиот ден. Во вториот ден, како и во следните денови компликации како што се продолжено крварење, развој на инфективен ендокардит и епизоди на тромбоемболија не беа утврдени.
Селективен пристап и подготовка, како и интердисциплинарни соработка со кардиолозите се основа за безбеден и квалитетен орално хируршки третман на пациенти со орални антикоагуланси. Антикоагулантниот третман пред орално хируршки интервенции не треба да биде прекинат само под услов на примена на локални мерки за локална хемостаза.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 06 Jun 2016 09:43 |
Last Modified: | 06 Jun 2016 09:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15911 |
Actions (login required)
View Item |