Anastasov, Milorad (2015) Кривичното дело Трговија со луѓе, како облик на организиран криминал во судската практика на Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Magisterska rabota - Milorad Anastasov.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Трговијата со луѓе е феномен кој во изминатите години зема се поголем замав и се издига на ниво на заеднички проблем кој го засега општеството во целина. Трговијата не е само кривично дело, таа е многу повеќе од тоа, таа е организиран криминал, кршење на основните човекови права, негирање на човекот како битие, модерно ропство. Taa е растечки транснационален криминален феномен и опасен предизвик за националната и меѓународната безбедност. Иако не е нов феномен, се прошири во нови региони од светот и претставува значителен дел од нелегалната глобална економија. Овој криминалитет се разгледува примарно како национална и меѓународна безбедносна закана. Одговорите на безбедносните закани во овој поглед треба да ги вклучат државните институциии и цивилното општество. Безбедноста не е прашање само на надворешни закани за националниот суверенитет; безбедноста исто така подразбира општество кое ефикасно функционира. Затоа, нема двоумење дека трговијата со луѓе е навистина прашање на регионалната безбедност.
Клучни зборови:
Трговија со луѓе, причини за трговија, организиран криминал, жртви, организаци, конвенции.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 23 May 2016 09:15 |
Last Modified: | 23 May 2016 09:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15866 |
Actions (login required)
View Item |