Положбата на јавниот обвинител според новиот Закон за кривична постапка

Velinov , Dejan (2015) Положбата на јавниот обвинител според новиот Закон за кривична постапка. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Mag.-Dejan-Velinov.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Mag.-Dejan-Velinov.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Јавното обвинителство се формира по Француската револуција. Од тогаш, јавните обвинители станѕваат државни службеници кои поседуваат надлежности и ингеренции на државен орган, кој што го следел извршување на законите и судските одлуки и кој го застапувал јавниот интерес пред судовите.
Јавното обвинителство какво што го знаеме денес (со надлежности и функции во кривичното гонење), првпат се појавува во Франција со Законот за кривична истрага од 1808 година. Со овој закон доаѓа до одвојување на правото за подигнување на обвинение, доверено на Јавниот обвинтиел како посебен државен орган, и на правото за водење истрага што му е било доверено на истражниот судија. Овие две функции дотогаш т.е. во инквизиторната постапка биле во рацете на еден орган - истражниот судија.
Јавниот обвинител претставува орган кој по службена должност врши прогон на сторителите на кривилни дела. Тој обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот во вршењето на функцијата, независно од полот, расата, бојата на кожа. националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување и имотната и општествената положба. Никој не може да влијае врз самостојноста и непристрасноста на јавниот обвинител во вршењето на функцијата. Политичко организирање и дејствување во јавното обвинителство се забранува, без притоа да се ограничи правото на слобода на изразување, вероисповест, здружување и собирање.
Со текот на времето, функцијата Јавен обвинител се променува, надополнува и проширува, сето тоа во тек со современите промените во општеството а со цел поуспешно извршување на својата функција и борба против современите облици на криминалитет.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 16 May 2016 10:38
Last Modified: 16 May 2016 10:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15816

Actions (login required)

View Item View Item