Mitkova, Verce (2014) Пензиски систем во Република Македонија со акцент на третиот пензиски столб во општините од Југоисточна Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Магистерска Верче Миткова.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Главен предмет на обработка во магистерскиот труд е доброволното
капитално финансирано пензиско осигурување во општините од Југоисточна
Македонија.
Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување е дел од
повеќестолбната структура на пензискиот систем во Република Македонија.
Посебен осврт во трудот е даден на начинот на стекнување на членство во
доброволниот пензиски фонд, и тоа на договорот за членство со отворање на
индивидуална сметка и договорот за професионална пензиска шема со
отворање на професионална сметка.
Со овој магистерски труд е опфатена и кратка анализа на меѓународни
документи со кои се гарантира правото на пензиско осигурување. За развојот
на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување големо
влијание има Директивата 2003/41 на Европскиот парламент и совет. Со овој
труд направен е и компаративен преглед на пензиските системи во земјите од
Западен Балкан.
Главната цел која треба да се постигне со трудот е да се помогне во
надминувањето на пропустите кои постојат во функционирањето на
доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, и тоа за
условите за стекнување членство, начинот, постапката, придонесите за
стекнување членство во третиот пензиски столб и исплата на пензиски
надоместок на членовите во третиот пензиски столб, со посебен осврт на
општините од Југоисточна Македонија.
Клучни зборови: пензиски систем, трет пензиски столб, пе
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 16 May 2016 09:55 |
Last Modified: | 16 May 2016 09:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15812 |
Actions (login required)
View Item |