Veljanoska, Marina (2015) 3Д мобилна и веб апликација речник на знаковен јазик на македонски јазик. Masters thesis, UGD Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Marina Veljanoska 21047 Magisterski trud.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Краток извадок
Во магистерскиот труд е обработен и користен софтверот за развој и креирање на 2Д и 3Д игри и интерактивни содржини Unity3D како еден од најпознатите и најкористени софтвери за таа намена, со кој е изработена 3Д мобилна и Desktop апликација, речник на знаковен јазик на македонски јазик.
Знаковниот јазик е основно средство за комуникација на лицата со оштетен слух и говор, глувите и наглувите и има огромна улога во правилно формирање на лицата со оштетен слух. Знаковниот јазик како средство за комуникација се базира на гестикулации кои најчесто се изведуваат со рацете, нивната поставеност, движење, насоченост, позиција и ориентација кои опишуваат точно определен збор или буква. Комуникацијата со лицата со оштетен слух се одвива со гестикулации, фацијална експресија и говор на тело.
Апликацијата која е изработена е наменета за учење на македонскиот знаковен јазик, а за изработка на апликацијата е креиран 3Д модел на карактер кој со помош на анимации ги изведува движењата соодветни за секој збор или буква. Во апликацијата од лизгачко мени се избираат зборовите или буквите чија интерпретација треба да се научи, а со тоа се повикува и изведува соодветната анимација.
Апликацијата речник на знаковен македонски јазик е изработена според Македонскиот речник на знаковен јазик како неопходен учебник првенствено за комуникација на лицата со оштетен слух и говор, но и за лицата кои слушаат, а се во нивната непосредната средина во која живеат и работат.
Клучни зборови: македонски знаковен јазик, Unity3D, 3D модел на карактер, аватар, анимации.
Abstract
In the thesis is presented software used for development and creation of 2D and 3D games and interactive content Unity3D as one of the most famous and most used software for this purpose, which is used for development 3D mobile and Desktop Application Sign Language Dictionary of Macedonian language.
Sign language is the primary means of communication for persons with hearing or speech impaired, deaf and hard of hearing and has a huge role in the proper formation of persons with impaired hearing. Sign language as a communication tool is based on gestures that are commonly performed with hands, their placement, movement, direction, position and orientation that describe specific word or letter. People with hearing impaired communicate with gestures, facial expression and body language.
The application is designed for learning the Macedonian sign language, making the application was created 3D model of character with the help of animations performed movements appropriate for each word or letter. In the application of sliding menu choose letters or words whose interpretation should be learn and it invokes and performs the appropriate animation.
Application Dictionary Macedonian sign was made by Macedonian dictionary of sign language as an essential textbook primarily for communication of persons with hearing and speech, but also for people who are in their immediate environment in which they live and work.
Key Words: Macedonia Sign Language, Unity3D, 3D model of character, avatar, animation.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Marjan Markov |
Date Deposited: | 16 May 2016 09:53 |
Last Modified: | 16 May 2016 09:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15809 |
Actions (login required)
View Item |