Влијанието на промените во организациската култура и структура врз успешноста на организациите од фармацевтската дејност

Gjuric, Marjan (2016) Влијанието на промените во организациската култура и структура врз успешноста на организациите од фармацевтската дејност. Masters thesis, Goce Delcev University- Stip.

[thumbnail of Magisterska_Marjan_Gjuric_May2016.pdf]
Preview
Text
Magisterska_Marjan_Gjuric_May2016.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Промените претставуваат неизбежен дел во бизнис-окружувањето. Имено, промените настануваат во екстерното окружување на организацијата или пак, настануваат интерно и ја менуваат организациската структура. Во зависност од тоа како ќе се справат вработените со овој вид на промени зависи и од тоа дали организацијата ќе оствари успех или пак, ќе падне под влијанието на бројните ризици и ќе ја намали својата добивка.
Организациската култура го искажува своето влијание над размислувањето и однесувањето на вработените, нејзиното влијание се чувствува во сите аспекти на организацијата, а вработените треба да ги почитуваат овие вредности и да работат во насока на сочувување на организациската култура и промовирање на организациските вредности и принципи коишто ја даваат јасната слика за функционалноста на организацијата.
За да се постигнат позитивни или за да би се избегнале негативни ефекти на организациската култура врз целокупното работење, значајно е да се усогласи стратегијата и принципите на управување со неа. Tреба да се исконтролира и да се предвиди каде води стратегијата на организацијата и да се измери дали работните перформанси на вработените се соодветни за да се имплементира стратегијата во насока на сочувување на организациската култура.
Во овој магистерски труд спроведено е истражување на влијанието на промените во организациската култура и структура врз успешноста на организациите од фармацевтската дејност.
Клучни зборови: oрганизација, цели, структура, култура, имплементација, промени и успешност.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 May 2016 09:40
Last Modified: 09 May 2016 09:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15787

Actions (login required)

View Item View Item