Придонесот на туризмот во регионалниот развој: Анализа на Источниот регион во Македонија

Petrevska, Biljana (2016) Придонесот на туризмот во регионалниот развој: Анализа на Источниот регион во Македонија. In: Современи предизвици на претприемништвото и туризмот во Република Македонија. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Факултет за туризам и бизнис логистика, pp. 22-41. ISBN 978-608-244-300-3

[thumbnail of Придонесот на туризмот во регионалниот развој-Анализа на Источниот регион во Македонија.pdf]
Preview
Text
Придонесот на туризмот во регионалниот развој-Анализа на Источниот регион во Македонија.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Ова истражување ги појаснува влијанијата на туризмот врз регионалниот развој во Македонија преку анализа на неколку основни економски параметри и туристички индикатори. Во насока на остварување на оваа цел, направена е анализа на Источниот регион во Македонија. Поконкретно, студијата прави споредба помеѓу осумте плански региони од туристичка гледна точка. Податоците се обезбедени од секундарни извори т.е. од различни публикации на Државниот завод за статистика, кои се однесуваат за периодот 2003-2013 година. Резултатите укажуваат дека и покрај многубројните потенцијали кои ги има Источниот регион за развој на различни видови туризам, а во прва мерка туризмот на настани (event tourism), сепак бележи многу скромен туристички развој.
Методолошки, трудот е составен од неколку целини. Покрај воведниот дел, во втората точка даден е осврт на литература во која се разработени прашањата за поврзаноста меѓу туристичкиот, економскиот и регионалниот развој. Третата точка дава краток приказ на легислативата и институционалната рамка која го третира регионалниот развој во Македонија. Воедно во овој дел се прикажани и стилизирани податоци за Источниот регион. Во четвртата точка е појаснета применетата методологија на истражувањето, додека петтата точка ги содржи резултатите и дискусијата од добиените сознанија. Заклучоците и препораките за унапредување на туристичкиот развој во Источниот регион во Македонија се презентирани во последниот дел.

Item Type: Book Section
Additional Information: Трудот е дел од пошироко истражување во рамки на проектот „Детерминирање на туристичките настани во Источниот регион на Република Македонија“ финансиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Реф. бр. 0201-165/6 и 0801-139/31).
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 11 Apr 2016 07:57
Last Modified: 11 Apr 2016 07:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15727

Actions (login required)

View Item View Item