Gjorgjieva, Pale (2016) Генотоксиколошки скрининг на нормалните и граничните вредности на микронуклеусниот тест во лимфоцити кај здрава хумана популација. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Kraen spec.trud.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Вовед: Во животната средина постојат различни видови на генотоксични агенси на кои е изложена хуманата популација во текот на секојдневниот живот. Станува збор за агенси кои предизвикуваат оштетувања во молекулата на ДНК, што може да резултира во појава на генетски мутации или канцер. Цел на студијата: Да се укаже на важноста од примената на микронуклеусниот тест како стандардизирана цитогенетска метода и важен биомаркер во детекција на влијанието на различни физички, хемиски и биолошки агенси врз целокупниот генетски материјал кај здрава хумана популација. Материјал и методи: Користен е микронуклеусен тест како метод за откривање на цитолошкото влијание на физички, хемиски и биолошки агенси. Резултати: Микроскопската анализа покажа појава на мононуклеарни, бинуклеарни и мултинуклеарни лимфоцити. Анализата на микронуклеуси на 1000 бинуклеарни лимфоцити покажa дека вкупниот број се движи од 1-13, а просечната вредност изнесува 4 микронуклеуси (MN). Заклучок: Земајќи го предвид влијанието на генотоксичните агенси врз целиот организам, појавата на микронуклеуси укажува на потребата од постојан мониторинг на популацијата која е изложена на различни физички, хемиски или биолошки агенси.
Клучни зборови: лимфоцити, микронуклеус, јонизирачко зрачење
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Apr 2016 10:10 |
Last Modified: | 07 Apr 2016 10:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15722 |
Actions (login required)
View Item |