Квантификација и квалификација на микронуклеуси во лимфоцити кај професионално експонирани здравствени работници

Nedeljkovik, Bojana (2016) Квантификација и квалификација на микронуклеуси во лимфоцити кај професионално експонирани здравствени работници. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of specijalisticki trud_7-1.pdf]
Preview
Text
specijalisticki trud_7-1.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Вовед: мерењето на хромозомските оштетувања е еден од најважните начини за да се процении токсичноста, канцерогеноста, и мутагеност на различни лекови, хемикалии и зраци. Опсервацијата дека оштетувањето на хромозомот може да се предизвика од изложеност на јонизирачко зрачење или канцерогени хемикалии беше меѓу првите сигурни докази дека физичките и хемиските агенси може да предизвикаат големи промени во генетскиот материјал на еукариотските клетки. При микронуклеусна анализа се овозможува да се детектираат абнормални нуклеарни форми.CBMN(cytokinesis Block micronucleus) тестот или микронуклеусниот тест во хумани лимфоцити е еден од најчесто користените методи за мерење на оштетувањата на ДНК. Целта на оваа студија е да се оцени генотоксичноста на јонизирачкото зрачење со помош на CBMN тест и да се утврди ризикот за здравјето на луѓето.
Материјал и методи: Студијата вклучува 12 здравствени работници изложени на јонизирачко зрачење (радиолог, техничари и медицински сестри).
Резултати: Пронајдовме висока фреквенција на микронуклеуси кај здравствени работници изложени на јонизација. Исто така, се оценети и другите нуклеарни промени како нуклеоплазматични мостови и бинуклеуси со нуклеарни пупки, како биомаркери на хромозомска нестабилност и големи промени во генетскиот материјал на клетките.
Заклучок: Овие резултати укажуваат дека хромозомската нестабилност е во корелација со појава на микронуклеусите и генетичкото оптоварување кај здравствени работници. Формирањето на микронуклеусот и другите вакви промени покажува дека здравствените работници се изложени на кластогени агенси како јонизирачка радијација и имаат хромозомска нестабилност и ризик од рак.
Клучни зборови:јонизирачки зраци, микронуклеуси, лимфоцити, микронуклеусен тест.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Apr 2016 10:12
Last Modified: 07 Apr 2016 10:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15721

Actions (login required)

View Item View Item