Родилни повреди

Mihajlova, Ivana (2016) Родилни повреди. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Ivana Mihajlova krajno (1).pdf]
Preview
Text
Ivana Mihajlova krajno (1).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Породувањето е една од најголемите енигми, најсреќниот момент во животот на една жена, но и период во кој мајката и бебето се најчувствителни. Настанувањето на родилни повреди кај новороденчето е дел од породувањето што никогаш не може да се предвиди. Родилните повреди најчесто настануваат како резултат на тешки и долготрајни породувања како и кога времето на истиснување на плодот е продолжено. Освен тоа повредите може да настанат при нагли породувања како и при пораѓај што е изведен од страна на нестручни лица. Но од навременото откривање и третирање на родилните повреди зависи натамошниот животен квалитет на самото новороденче.
Благодарение на новите сознанија и современата дијагностика, зачестеноста на родилните повреди е сѐ помала и изнесува 0,7% односно на 1000 новородени деца 7 од нив имаат една или повеќе родилни повреди. Со оглед на важноста на родилните повреди за натамошниот невромоторен развој на детето, главните цели на трудот се следниве: 1) да се прикаже бројот на родилни повреди на гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Штип; 2) да се претстави бројот на родилните повреди како процент од вкупниот број раѓања и 3) да се претстави квалитативно најчестиот вид родилни повреди.
Материјал и методи: во овој труд се обработени новородените деца на гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Штип. Опфатен е периодот од последните три години 2012, 2013 и 2014 година. Како материјал послужија регистрите од новородени деца од акушерското одделение при Клиничка болница Штип во период од 2012 до 2014 година. Резултати: во трите обработувани години (2012, 2013 и 2014 година) се породени вкупно 2961 новородени деца. Според податоците, во 2012 година се родиле 952 новородени деца, од кои кај 24 имале родилни повреди, што изнесува 2,52%. Во 2013 година се родени 1019 деца, од кои 26 имале родилни повреди (2,55%). Во текот на 2014 година се родени 990 деца од кои 25 имале родилни повреди (2,52%). Односно, од 2961 дете, кај 75 имало родилни повреди. Тоа изнесува 2,53%. Најчести родилни повреди вкупно за трите години се следните: кефалхематом–22, f-ra claviculae–38, paresis plexus
3
brachialis – 9, torticollis – 3, хидроцефалус- 4. Најчести се: новороденчиња со f-ra claviculae, чиј вкупен број за три години е 38 од кој f-ra claviculae lat.dex се 24, а f-ra claviculae lat.sin се 14. Заклучок: Неопходно е рано и навремено откривање и санирање на родилните повреди кај новороденчето со цел да се подобри правилниот раст и развој. Клучни зборови: новородено дете, родилни повреди, родилна асфиксија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Apr 2016 10:15
Last Modified: 07 Apr 2016 10:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15719

Actions (login required)

View Item View Item