Petrova, Natalija (2016) Примарна реанимација на новороденче. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Natalija Petrova krajno.pdf Download (609kB) | Preview |
Abstract
Брзата процена на состојбата на новороденчето поради евентуална реанимациска постапка е многу важна за да се намалат можните компликации и да се спречи патолошки раст и развој на новороденото. Затоа е потребен стручен тим што ги совладал реанимацискте вештини за да почне со реанимација кај новороденчето, но, исто така, треба да биде во тек со состојбата на мајката во текот на породувањето и да ги процени можните ризици. Со оглед на важноста на раната процена и правилната примарна реанимација на новороденото дете, главните цели на трудот беа: 1) колкав процент од новородените деца имале потреба за примарна реанимација; 2) кои се причините што претставуваа индикација за примарна реанимација и 3) која е најчестата клиничка состојба што довела до потреба од примарна реанимација во однос на можноста за превенција.
Материјал и методи: во овој труд се обработени новородените деца на гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Штип. Опфатен е периодот од последните три години, 2012, 2013 и 2014 година. Како материјал послужија регистрите од новородени деца од акушерското одделение при Клиничка болница Штип во период од 2012 до 2014 година, а за обработка се земени податоци за клиничка состојба во моментот за раѓање, висината на Апгар скор и податоците за спроведена примарна реанимација. Резултати: вкупно, резултатите за бројот на реанимирани деца во последните три години (2012-2014) изнесува 2,26% или реанимирани 67 новородени од 2961 новородено дете. Меѓу нив, најчеста индикација за примарна реанимација беше родилната асфиксија. Заклучок: неопходно е раното препознавање на сите причини што може да доведат до потреба од примарна реанимација, особено во интрапарталниот период кога може и да се превенираат некои состојби и да му се помогне на плодот спремно да го почне самостојниот живот.
Клучни зборови: новородено дете, родилна асфиксија, примарна реанимација
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Apr 2016 10:14 |
Last Modified: | 07 Apr 2016 10:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15718 |
Actions (login required)
View Item |