Енергетска ефикасност во хотелската индустрија: Случај на хотелот „Фламинго“ - Гевгелија, Македонија

Petrevska, Biljana and Cingoski, Vlatko (2016) Енергетска ефикасност во хотелската индустрија: Случај на хотелот „Фламинго“ - Гевгелија, Македонија. In: Трета меѓународна научна конференција „Науката - поддршка на развојот во Република Македонија“, 29-30 Jan 2016, Skopje, Macedonia.

[thumbnail of Energetska efikasnost vo hotelskata industrija_Flamingo.pdf]
Preview
Text
Energetska efikasnost vo hotelskata industrija_Flamingo.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во трудот е направена проценка на примената на концептот на енергетска ефикасност во хотелите, преку анализа на случајот на хотелот „Фламинго“ од Гевгелија, Македонија, односно, анализиран е степенот на примена на концептот на заштита на животната средина. За таа цел, интервјуирани се менаџерите на хотелот задолжени за секторите хотелско одржување, хотелско домаќинство и перална, кои на директен или индиректен начин имаат поврзаност со концептот на енергетска ефикасност. Резултатите покажуваат дека анализираниот хотел има исклучително позитивен став и перцепција кон примена на активности кои директно водат до заштеда на енергија. Сепак, постојат уште многу предизвици со кои овој хотел се соочува, генерално поврзани со намалувањето на оперативните трошоци и користењето на обновливи енергетски извори. Придонесот на овој труд е што овозможува да се добијат продлабочени сознанија за работењето на хотелот „Фламинго“, кој како добро позициониран хотел со пет ѕвезди, може да служи како пример на останатите хотели во Македонија во однос на користењето енергија во секојдневното работење. Истовремено, во трудот се наведени одредени нови предизвици кои нужно мора да се воведат во управувањето со хотелите во Македонија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Additional Information: Благодарност Трудот е дел од пошироко истражување во рамки на проектот „Можности и методи за замена и заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во хотелската индустрија“ финансиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Реф. бр. 0201-165/6 и 0801-139/26).
Uncontrolled Keywords: користење енергија; енергетска ефикасност; хотели; Македонија
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 04 Apr 2016 08:13
Last Modified: 04 Apr 2016 08:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15655

Actions (login required)

View Item View Item