Ivanovski, Igor (2016) 3Д модел на полиметалното наоѓалиштето Плавица - Златица во Кратовско-Злетовскиот руден реон. Masters thesis, Unervisity Goce Delcev - Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_3D model na Plavica.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Најновите истражувања на епитермалното наоѓалиште на висока
сулфидизација Плавица, дадоа значаен напредок во разбирање на геолошкиот
склоп на наоѓалиштето и утврдување на рудното тело. Во овој концесиски
простор се извршени значајни геолошки истраги. Во овој труд ние се
фокусиравме на обемните геохемиски и геофизички истраги. Заедно со другите
геолошки истраги, успешно се имплементираше дупчачка програма која даде
пристојни резултати. За овој 3Д модел беа искористени сите 195 дупнатини
направени од компанијата Генезис ресурсис интернешнл ДООЕЛ Скопје во
периодот од 2011-2013 година. Дупнатините се со вкупна должина од 47295,8
метри од кои 74 од нив се изработени со дијамантско јадрување и вкупна
должина од 23908,3 метри, додека останатите 121 се изработени со реверсна
циркулација и вкупна должина од 23387,5 метри. Со помош на професионален
софтвер ArcGIS се изработени 3Д модели на рудните тела за злато, бакар и
молибден со резолуција на блокови од 30 метри, кои дефинираа
минерализација на хипсометриско ниво од 1300 до 600 метри. Исто така беше
искористена метода на изоповршини со која се интерпретираа 3Д модели со
полни тела. Овие модели ќе ни помогнат подобро да го разбереме
протегањето на рудната минерализација, да ги дополниме обемните геолошки
податоци, како и да користат како контролен модел за веќе изработените
модели на ова наоѓалиште.
Клучни зборови: 3Д модел, Плавица, злато, бакар, молибден, епитермално
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Marjan Markov |
Date Deposited: | 02 Mar 2016 13:17 |
Last Modified: | 02 Mar 2016 13:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15574 |
Actions (login required)
View Item |