Namicev, Petar (2015) Историја на архитектура, уметност и урбанизам 2 - практикум. ISBN 978-608-244-193-1.
Full text not available from this repository.Abstract
Можностите за развој на архитектонската форма и уметноста се во потполна зависност од напредокот на цивилизациите, културите и развиената техника кај поедини народи. Притоа во презентираниот материјал за архитектонското и уметничкото творештво, направен е обид да се прикаже како природен процес на својот развој, условен од општествените потреби, поврзани со општествените односи, економско политичките услови, техничкиот напредок и климатските прилики. Според обемот на материјалот направена е одредена избалансирана застапеност на периодот на Рококо стилот, преку архитектурата и уметничкото творештво на Новиот век, да се опфатат најобемните и влијателни творештва на архитектонските стилови и стиловите во уметноста. Притоа даден е приказ на најзначајните карактеристики на развојот на модерната архитектура, урбанизам и уметност во светот, и нивните меѓусебни влијаниа во периодот на Новиот век. Во првиот дел опфатени се периодите на развојот на архитектурата и уметноста на 18 и 19 век во Рококо, Класицизмот, Неокласицизмот, Романтизмот, Реализмот во рамките на развојот на архитектурата и уметноста на ови стилски правци, како и влијанието на конструктивизмот и рационализмот во историјата на архитектурата. Периодот на Новиот век презентиран е преку развојот на современите и актуелни движења во архитектурата, уметноста и урбанизмот. Во периодот на Новиот век опфатени се најзначајните движења –Баухаус, како и најзначајните архитекти Волтер Гропиус, Мис Ван дер Рое, Франк Лојд Рајт, и Ле Корбизие.Опфатени се и дел од современите архитекти- Алвар Алто, Оскар Нимаер и др. кои оставиле најголема трага во поновата човекова историја. Во периодот на Новиот век опфатени се периодите од совремeната уметност Импресионизам, Постимпресионизам, Сецесија, Експресионизам, Фовизам, Кубизам, Футуризам, Дадаизам, Поп арт, Концептуална уметност, Ленд арт )(кои имале најголмо влијание врз другите уметнички движења во истиот период. Во последниот дел опфатен е развојот на архитектурата и уметноста во Република Македонија. За прикажување и систематизирање на архитектурата и уметноста прифатен е систем каде секоја епоха содржи еден општ преглед на архитектурата и условите во кои е создавана, потоа развојот на архитектурата според одредени историски поделби, конструктивни материјали и системи, архитектонска композиција, презентација на архитектонските споменици со осврт на главните типови, нивен опис и сл.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Petar Namicev |
Date Deposited: | 16 Feb 2016 13:57 |
Last Modified: | 16 Feb 2016 13:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15482 |
Actions (login required)
View Item |