Namicev, Petar (2014) Историја на архитектура, уметност и урбанизам 1 - практикум. ISBN 978-608-244-022-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Бројот на историските градби и податоците за нив за оваа намена се многу големи, затоа беше потребно да се издвојат најзначајните, кои оставиле најголема трага во развојот на историјата на архитектурата. Начинот на презентација по епохи се однесува на градбите кои според просторниот концепт, типот на градба, применета декорација или влијанието кои го имаат во одредена историска епоха или стил, имале најголемо влијание. Презентацијата е овозможена преку цртежи, графики, веродостојни оригинални проекти од авторите, аксонометрии на објекти изработени со современа дигитализирана технологија, цртежи со анализи за естетските, декоративните и просторни квалитети на одредени елементи од градбите. Презентирани се и анализи на примена на симетрија, пропорционалност на одредени елементи кои се најчесто поврзани со декорацијата на фасадите, на сооднос на одредени детали во однос на целината и сл.
Според обемот на материјалот направена е одредена воедначена застапеност на праисториската архитектура, преку архитектонското творештво на древните цивилизации на Египет и Месопотамија, притоа опфатени се најобемните и влијателни творештва на Грчката и Римската архитектура. Периодот на Средниот век презентиран е преку развојот на ранохристијанската и византиската уметност, на кои се надоврзуваат романскиот и готскиот стил. Како еден од најзначајните периоди во историјата на архитектурата ренесансата, опфаќа период на својот развој, преку раната, високата и доцната ренесанса во областа на архитектурата, кои оставиле најголема трага во поновата човекова историја. Во периодот на Новиот век опфатен е и периодот на барокот каде се презентирани најзначајните градби. За прикажување и систематизирање на најзначајните примероци од развојот на архитектурата градбите се селектирани, за да овозможат согледување на конструктивни материјали и системи, архитектонска композиција, презентација на главните типови, нивен опис и сл.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Petar Namicev |
Date Deposited: | 16 Feb 2016 13:59 |
Last Modified: | 16 Feb 2016 13:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15480 |
Actions (login required)
View Item |