Теорија на композиција во пејзажната архитектура

Despot, Katerina and Sandeva, Vaska (2014) Теорија на композиција во пејзажната архитектура. Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски", Скопје 712.4(075.8) . ISBN 978-608-244-056-9

Full text not available from this repository.

Abstract

Наставниот материјал е замислен да го покрие вкупното градиво по предметот: Теорија на композиција во пејзажната архитектура. Со цел да ги даде насоките во теоријата на композицијата, материјалите, компонентите, елементите, естетиката и теоријата на формата, ракописот е наменет за студентите на втор циклус студи по Пејзажна архитектура. Материјалот опфатен во скриптата е во согласност со Наставната програма по предметот Теорија на композиција во пејзажната архитектура и ја опфаќа наставната материја за студиската програма за која е наменет. Анализирани се сите сегменти кои ги опфаќаат потребните компоненти во теоријата односно стилската определба, композицијата како природен резултат на креативниот израз во односот на човекот – природата и убавото соединети во естетски и хуманизирани форми во зависност од духот на човекот. Во најширока смисла создавањето на природна околина за одмор значи како да се создаде простор за одмор и да се обезбедат услови за развој на човекот во современото општество. Композицијата на современите зелени површини е насочена кон нивната разновидност, создавање на големи зелени површини, езера, други водени површини и различни декоративни елементи кои ја затвораат целината. Повеќе од архитектурата и сите други уметности, композицијата на градините и парковите има свој национален облик. Природата била моделирана од човекот уште од древноста. Основната анализа е насочена кон социјалните, функционалните и пластичните аспекти на композицијата со нивната естетска врска со објекти, град и слично.

Item Type: Book
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Sandeva
Date Deposited: 01 Feb 2016 12:54
Last Modified: 01 Feb 2016 12:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15207

Actions (login required)

View Item View Item