Semoski, Samedin (2016) Аспекти на социјалната медицина во превенција на хероински зависници. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Samedin-Specijalisticki Trud -Januari-2016.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Терминот „опијати“ се користи за психоактивни супстанции, како и за полусинтетската дрога - хероин, која се произведува од афионовите состојки. Големата липосолубилност на хероинот овозможува брза и висока хероинска пенетрација преку крвно-мозочната бариера со последователна метаболичка активација на ЦНС.
Големината на дозата и времетраењето на опијатната апликација се во позитивна врска со клиничката слика на опијатна зависност, а исто така и со катехоламинските нивоа во мозокот, кои индиректно прецизно се проценуваат преку нивните уринарни катехоламински продукти метанефрин и ванилманделична киселина (VMA). Со разградба на катехоламините се добиваат метанефрин и VMA. Вредностите на метанефрин и VMA се реална проценка на катехоламинската продукција во мозочните структури.
Тезата го докажува присуството на ванилманделична киселина која како краен продукт се среќава во урината кај опијатните зависници.
Во испитувањето беа вклучени вкупно 64 испитаници од двата пола, на возраст од 18 до 35 год. Испитаниците беа поделени во три групи, 20 испитаника на уличен хероин (прва група), 20 испитаника на метадонски третман (втора група) и контролна група од 24 испитаника. VMA е одредувана со хроматографско-спектрофотометриска метода според методата на Писано.
Интравенската апликација на хероинот беше сврзана со повисоки вредности на ванилманделична киселина. Испитаниците што правилно и редовно ја земаа метадонската терапија имаат пониски вредности на ванилманделична киселина. Нашите сознанија укажуваат дека одредувањето на ванилманделична киселина овозможува индиректна процена на опијатна зависност и ги предвидува текот и исходот на третманот. Сето ова кажува дека опијатната зависност треба да се
6
сфати сериозно и со самото тоа, адекватно да се лекува заради понатамошно изградување на здрава индивидуа.
Клучни зборови:
опијатна зависност
метадон
хероин
ванилманделична киселина
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 29 Jan 2016 14:41 |
Last Modified: | 29 Jan 2016 14:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15180 |
Actions (login required)
View Item |