Petrovska, Sonja and Stuparikj, Jovana (2015) Компаративните истражувања во образованието. Зборник на трудови: Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија. pp. 47-54. ISSN 978-608-242-021-9
Preview |
Text
Зборник на трудови Општина Штип.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Трудот има стручен карактер и дава опис на клучните аспекти на компаративните истражувања во образованието. Посебно се третирани проблеми врзани за потребата од компаративните истражувања, определување на предметот и целта, каков е нивниот домен во сферата на образованието и кои се нивните недостатоци.
Компаративните истражувања се втемелени на компаративна анализа како методолошки пристап. Главно се насочени кон воочување на сличности и разлики на одредени образовни појави, процеси и феномени, но нивниот домет е сепак поширок зошто неретко низ нив истражувачите се обидуваат да ги утврдат причините поради кои постојат воочените разлики.
Денеска компаративните истражувања се многу значајни за образованието бидејќи претставуваат форма за пренесување на позитивни искуства од една во друга земја.
Клучни причини за зголемување на интересот и потребата од компаративните истражувања во областа на образованието се глобализацијата во сите сфери на општественото битисување и во таа насока интензивирањето на економската и образовната конкуренција.
Од друга страна фактори кои создаваат олеснителни услови за реализација на компаративните истражувања се релативно лесната достапност на меѓународните патувања и брзиот развој на информатичко - комуникациските технологии.
Во заклучокот е аргументиран ставот дека денес, компаративните истражувања играат клучна улога во развојот на квалитетот на образованието.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | споредба, сличности, разлики. |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Sonja Petrovska |
Date Deposited: | 22 Jan 2016 14:26 |
Last Modified: | 22 Jan 2016 14:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14930 |
Actions (login required)
View Item |