Jakimovska, Svetlana (2015) Преводните решенија во македонскиот превод на збирката раскази „Продавница на тајни“ од Дино Буцати. Paralelismi linguistici, letterari e culturali. pp. 251-263. ISSN 978-608-234-036-4
Preview |
Text
Dino Buzzati.pdf Download (911kB) | Preview |
Abstract
Збирката раскази „Продавница на тајни“ од Дино Буцати е избор од најубавите раскази на овој мошне познат италијански автор, преведена на македонски јазик од страна на Радица Никодиновска во 2005 година. Станува збор за раскази чие дејствие редовно е на работ меѓу реалното и надреалното, раскази кои сликаат метафизички патувања низ кои се претставени суштинските човечки состојби и кои затоа изобилуваат со симболи и стилски фигури.
Ваквата оригиналност на стилот наметнува огромни предизвици пред преведувачот со кои тој се соочува на повеќе рамништа. Oвој труд има за цел да ги анализира преводните решенија на сите рамништа, но со особен осврт на лексиката, која го оддава богатиот вокабулар на преведувачот, должен да внесе во овој превод зборови и од природните науки, и од техниката, а воедно и да пренесе детални нијансирани описи на предели, но и на звуци и на внатрешни состојби. Конечно, ваквата анализа остава простор за проучување и на одлуките на преведувачот соочен со специфични културни елементи.
Клучни зборови: преведување, фонетско рамниште, лексичко рамниште, рамниште на фраземи, културни елементи
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Svetlana Jakimovska |
Date Deposited: | 22 Jan 2016 12:31 |
Last Modified: | 22 Jan 2016 12:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14911 |
Actions (login required)
View Item |