Dambov, Risto (2015) Специјални минирања. 622.235-049.8(035) . Универзитет „Гоце Делчев”, Штип, Македонија. ISBN 978-608-244-220-4
Full text not available from this repository.Abstract
Оваа книга обработува една специфична област при примената на експлозивите и при тоа се прикажуваат, обработуваат и анализираат области на примена на експлозивите кои
се разликуваат од стандардната класична примена на експлозивите.
Во современиот свет и развојот на човештвото не може да се замисли ефикасно и успешно градење на голем број инфраструктурни објекти како што се патишта, канали, тунели
и др. без користење на експлозиви и соодветни методи на минирање. Исто така, сè почесто, при расчистување на терени за изградба, рушење на стари индустриски или инфраструктурни објекти, и посебно во населени места, како најефикасна техника се наметнува примената на експлозивите и нивната разорна моќ.
Методите што се изведуваат за овие цели се специфични по својата техника и изведба од повеќе аспекти. Количините на експлозив се ограничени со релативно мали
интервали на иницирање, типот на експлозивот треба да биде соодветен за карактеристиките на објектот или методата, се применуваат средства за иницирање кои се безбедни и
сигурни при манипулација и не предизвикуваат поголеми (звучни) детонации во околината и се погодни за дизајнирање на комплексни мрежи на мински серии.
Се применуваат посебни мерки за заштита на околните објекти, заштита и редуцирање на вибрации од секаков вид, воздушна детонација и заштита при расфрлување на
парчиња и воопшто се преземаат сите неопходни мерки за безбедно и успешно изведување на поставената цел на минирање се во зависност од тоа каква е методата на минирање, каде се изведува и каков е објектот и околината каде се врши минирањето.
Познавањето на техниката и методите на минирање со примена на експлозив, претставува основа за изведување на овие минирања во урбаните средини, непристапните
терени и на било кое друго место. Сите овие наведени услови за користење на експлозивните материи го дефинираат насловот на оваа книга или со други зборови се
работи за минирања и примена на експлозиви кои се разликуваат според целта каде и како се применуваат, според различните дупчечко - минерски параметри, начинот на подготовка на минската серија, нејзиниот дизајн и положба, применетиот тип на експлозив и иницијални средства, начинот на иницирање итн. Овие услови за примена на минирањата за претходно наведените цели се специфични и затоа, честопати, овие минирања се нарекуваат и специјални минирања.
Книгата е поделена во повеќе глави, независни една од друга при што се обработуваат повеќе области на примената на експлозивите како што се: рушење на поединечни конструктивни елементи од дрво, челик, тули, камен, бетон, армирано - бетонски елементи и др.
Исто така се прикажани повеќе области на примена на експлозивите за рушење на темели, високи згради и оџаци, мостови и др. Значајно место во оваа книга зазема и примената на експлозивите при изградба на инфраструктурни објекти, обработка на метали, гасење на шумски пожари, подводни минирања како и примена на експлозивни средства при добивање на камени (архитектонско - украсни) блокови како што се мермери, гранити и др.
Посебно ми е драго што при конечното обликување на оваа книга, во месец јануари,дојде на свет моето прво внуче, а посебна чест ми претставува што го доби моето име.
Во чест на овој настан, оваа книга од сè срце ја посветувам токму за него.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Civil engineering Engineering and Technology > Materials engineering Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Risto Dambov |
Date Deposited: | 22 Jan 2016 12:34 |
Last Modified: | 22 Jan 2016 12:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14910 |
Actions (login required)
View Item |