Denkova, Jovanka (2009) Освежителен научно-фантастичен роман за млади. Современост (3). pp. 152-157.
Preview |
Text
AVANTURITE NA MARKO I DAMJAN.pdf Download (490kB) | Preview |
Abstract
Романот Авантурите на Марко и Дамјан од Мирко Зафировски е современ научно-фантастичен роман за деца и млади во кој се тргнува од сосем реалистичен амбиент во кој одненадеж влетуваат вонземјани, вселенски летала. Дејството на романот започнува во денешницата, во Кавадарци и неговата околина кога двајцата братучеди решаваат за време на претстојниот распуст да појдат на село, кај баба си и дедо си. Уште при патувањето доживуваат авантура кога се разминуваат со дедото, па тоа е повод тие самите да тргнат кон селото и да ја откријат необичната пештера. Во неа ги пронаоѓаат вонземјаните кои заради дефект на нивното летало пред пет години морале принудно да слетаат на Земјата сè додека не го поправат дефектот. Со нив патуваат и во вселената и доживуваат многу драматични настани. Во однос на дејството, романот е мошне динамичен. Настаните се одвиваат на Земјата, во Вселената, на една непозната (неименувана) планета каде живеат потомците на Александар Македонски, во Индија, пак на Земјата итн. Во такви услови сосема логична е средбата со голем број на опасности, опасни вселенски ,,жители” - октопипи, непријателски војници од друга земја, диви животни (во Индија), негативни ликови како Црниот ѓавол и др.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 20 Nov 2012 12:56 |
Last Modified: | 19 Dec 2012 12:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1487 |
Available Versions of this Item
- Освежителен научно-фантастичен роман за млади. (deposited 20 Nov 2012 12:56) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |