Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado and Mirascieva, Snezana (2015) Стручната подготвеност на наставниците за реализација на наставата по религиското образование во Република Македонија. Зборник на трудови од научно-стручна трибина „Наставникот - некогаш, денес, утре”. pp. 95-99. ISSN 978-608-244-116-0
Preview |
Text
DVS.pdf Download (773kB) | Preview |
Abstract
Во последните неколку години често сме доведени во ситуација да полемизираме и дебатираме за позицијата, улогата и функционирањето на религиското образование во училиштата во Република Македонија. Дилемите околу воведувањето на религиското образование во Република Македонија се сѐ уште актуелни и неисцрпна тема околу која се вжештуваат сите општествени структури, поаѓајќи од социолозите, теолозите, политичарите, родителите, наставниците. Единствени земји во кои не се реализира веронауката како посебен училишен предмет во државните училишта се: Франција, Црна Гора, Албанија и Македонија. Европските држави кои имаат некаков вид веронаука во училиштата, се соочуваат со пораст на плурализмот во верувањата, вредностите и начинот на живеење. Постоењето на веронауката во образованието во државните училишта, секоја земја го регулира во согласност со карактеристиките на нејзината владина, политичка, социјална структура и принципи, како и со традицијата, културата, демографските услови и карактеристиките на образовниот систем. Сепак, реализацијата на религиското образование како нешто ново во училиштата, воопшто, претставува предизвик за нашиот воспитно-образовен систем, за нашата младина, за нашата Црква, за нашето општество.
Клучни зборови: образовен систем, религиско образование, предизвик, различност, соработка.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 20 Jan 2016 15:34 |
Last Modified: | 20 Jan 2016 15:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14829 |
Available Versions of this Item
- Стручната подготвеност на наставниците за реализација на наставата по религиското образование во Република Македонија. (deposited 20 Jan 2016 15:34) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |