Можности за симулирање на ефектот на реверсирање на чадот и пожарните продукти со помош на CFD софтвер во рудниците за подземна експлоатација

Adjiski, Vancho (2014) Можности за симулирање на ефектот на реверсирање на чадот и пожарните продукти со помош на CFD софтвер во рудниците за подземна експлоатација. Natural resources and technologies, 8 (1). pp. 31-42. ISSN 185-6966

[thumbnail of ugd.pdf]
Preview
Text
ugd.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Реверсирањето на чадот и пожарните продукти може да биде опасна и потенцијално фатална закана за сите оние кои се зафатени од пожарното сценарио. Трите критични фази во процесот на реверсирање на чадот претставуваат 3D локални ефекти, кои најдобро можат да се анализираат со помош на CFD анализи. Со помош на овие 3D-CFD анализи можеме да ги набљудуваме критичните фази на реверсирањето на чадот и нивната интеракција со брзината на вентилациониот воздушен проток. CFD анализите даваат можност да се прошири опсегот на предвидување на движењето и ширењето на чадот. Во овој труд се опишани можностите за симулирање на ефектот на реверсирање на чадот со помош на CFD софтвер во рудниците за подземна експлоатација. За потребите на овој труд е користен софтверот PyroSim од компанијата Thunderhead Engineering, со кој ќе симулираме три различни CFD пожарни сценарија и ќе ги набљудуваме резултатите и критичните фази на реверсирање на чадот и пожарните продукти.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Stojance Mijalkovski
Date Deposited: 20 Jan 2016 13:32
Last Modified: 21 Aug 2017 06:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14792

Actions (login required)

View Item View Item