Pesova, Biljana and Popeska, Biljana and Sivevska, Despina (2015) Карактеристики на (не)успешен наставник. In: Научно - стручна трибина, на тема: „Наставникот- некогаш, денес, утре“, Факултет за образовни науки, УГД, Штип, 4 Oct 2013, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Први страни.pdf Download (242kB) | Preview |
Preview |
Text
Труд-готов.pdf Download (501kB) | Preview |
Abstract
Наставникот претставува значајна фигура во формирањето на една личност и основен фактор од кој зависи успешноста на воспитно-образовната работа. Наставникот е тој кој описменува, дава знаење, го отвора прозорецот кон светот, заедно со родителите учи на правилата во животот и не ретко е една од клучните личности кои го обележуваат професионалниот или животниот развој на поединецот.
Успешноста или неуспешноста на наставникот е релативна определба која зависи од контекстот (пред се временски) во кој наставникот работи, односно во кој се одвива воспитно - образовниот процес.
Оттука, особено важно е да се определи кои барања се поставуваат пред наставникот денес, какви компетенции треба да има и каква личност треба да биде, односно кои очекувањата се поставуваат пред наставникот денес, за да може истиот да го определиме како успешен. Цел на овој труд е преку анализа на улогите кои ги имал наставникот некогаш и денес, барањата кои се поставувале пред него некогаш и она што од него се очекува денес, да го утврдиме профилот на успешен наставник како императив на педагошката професија и основна определба во работата со студентите – идни наставници.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | личност, особини, образование, развој, ученици |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Despina Sivevska |
Date Deposited: | 20 Jan 2016 13:52 |
Last Modified: | 20 Jan 2016 13:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14789 |
Actions (login required)
View Item |