Mladenoski, Ranko (2015) Демаскирање на илузиите за „новите“ теории. Филолошки студии, 13 (1). pp. 361-371. ISSN 1857 6060
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za Ziva semiotika od Andonovski Filoloski studii.pdf Download (861kB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува осврт кон основните структурни елементи на книгата Жива семиотика од Венко Андоновски што, според најавата од авторот, е прв том од серијата книги со наслов „Обдукција/абдукција на теоријата“. Навраќањето кон оваа книга на ваков начин, со посебен текст, не е случајно затоа што во неа се елаборираат суштински прашања од повеќе научни дисциплини (семиотика, лингвистика, семантика, стилистика, наратологија, културологија итн.), но и затоа што таа е прирачник кон кој често ќе се навраќаат интерпретаторите на текстови од разни области. Аргумент повеќе за ваквото тврдење е речникот (глосарот) што зафаќа приближно две третини од книгата и во кој опширно се дефинираат и се елаборираат поголем број базни термини од семиотичка провиниенција. Истовремено, сите тие термини се дел од или гравитираат кон теоријата на книжевноста, па токму затоа може да се рече дека оваа книга е и еден вид енциклопедија на книжевно-теориската мисла. Двата есеја на крајот од книгата („Зошто јунаците на Дизни носат бели ракавици“ и „Јов и ѓаволот, Фуко и Маркс“) несомнено го потврдуваат тоа.
Во овој труд, исто така, се елаборира и основната идеја што авторот Андоновски ја потенцира во книгата, а тоа е дека семиотиката денес е жива научна дисциплина дисеминирана во други филолошки и културолошки теории и дека таа функционира само доколку е придружена од енциклопедискиот контекст на конкретната тема што се интерпретира.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 28 Dec 2015 14:47 |
Last Modified: | 28 Dec 2015 14:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14735 |
Actions (login required)
View Item |