Развој и имплементација на систем за мониторинг на лица и објекти со помош на системот за глобално позиционирање GPS

Radinski, Gligorco (2015) Развој и имплементација на систем за мониторинг на лица и објекти со помош на системот за глобално позиционирање GPS. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_GligorcoRadinskiMagisterska_FINAL.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_GligorcoRadinskiMagisterska_FINAL.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Во денешно време е речиси незамисливо патувањето без навигациски
системи, независно дали тоа патување е со автомобил, авион или брод. Да се
знае каде е некое лице, објекти или материјални добра во било кој момент исто
така е од голема важност и корист. За сето тоа да функционира, потребна е
помош од сателитските системи. Глобалниот навигациски сателитски систем
(Global Navigation Satellite System или скратено GNSS) претставува сателитски
систем кој е дизајниран и се користи да ја пронајде географската локација на
сателитскиот приемник насекаде во светот. Во моментот во полна оперативна
состојба се два глобални навигациски сателитски системи: Глобалниот систем
за позиционирање на САД (GPS) и Глобалниот орбитен навигациски
сателитски систем на Руската федерација (GLONASS). Системот за глобално
позиционирање ГПС (GPS) во моментот е најзастапен и најупотребуван, па
така приемници за овој систем има вградено во секој мобилен телефон од
поновата генерација, во секој помодерен автомобил, во секој авион итн., но
постојат и голем број самостојни GPS приемници. Раширеноста на овој систем,
како и бесплатната услуга што ја нуди, поттикнуваат развој на голем број
системи за навигација и надгледување сѐ со цел да го олеснат и поедностават
животот. Во оваа магистерска теза се опишува начинот на кој работи системот
за глобално позиционирање, се дава компаративна анализа на неколку
подобри системи за мониторинг на лица и објекти со помош на системот за
глобално позиционирање GPS и се опишува сѐ што е потребно за развој и
имплементација на еден таков систем и неговото функционирање. Изработен е
комплетен систем за мониторинг на лица и подвижни објекти во реално време
со помош на системот за глобално позиционирање GPS. Системот е составен
од сервер на кој се наоѓаат базата со податоци и серверска веб апликација и
клиентски мобилни апликации кои се инсталираат на мобилни телефони од
поновата генерација кои имаат вграден GPS приемник и интернет. Клиентите
ги праќаат примените податоци од сателитите и мобилните базни станици до
серверот, тој ги обработува податоците и ги прикажува во реално време.
Клучни зборови: Систем за глобално позиционирање GPS, GLONASS,
Мониторинг во реално време, GPS приемници, сателитски систем

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:35
Last Modified: 22 Dec 2015 13:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14672

Actions (login required)

View Item View Item