Придонес во истражувањето за квалитетот на изработка на хоризонтални рударски простории во рудникот за олово и цинк „Саса“

Ivanovski, Dejan (2015) Придонес во истражувањето за квалитетот на изработка на хоризонтални рударски простории во рудникот за олово и цинк „Саса“. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Magisterski trud - Dejan Ivanovski.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterski trud - Dejan Ivanovski.pdf

Download (7MB) | Preview

Abstract

Изработката на хоризонталните рударски простории претставува комплексен
систем на голем број меѓусобно зависни елементи. Поради тие причини и
процесот на изработка на хоризонталните рударски простории ретко бил
предмет на анализа.
Истражувањата презентирани во овој труд, претставуваат анализа на
постоечката состојба во рудникот за олово и цинк „САСА“ во однос на
ефикасноста на изработка и квалитетот на изработените хоризонтални
рударски простории по работни средини, но е дадена и анализа на квалитетот
и ефикасноста на изработка на хоризонтални рударски простории со примена
на нонел систем за иницирање и контурно минирање - иновираната
технологија.
Самата тема е комплексна и со голем број на влијателни фактори кои се
кавантитативно и квалитативно променливи. Проучувањето на технолошкиот
процес овозможува добивање на потребните податоци кои понатаму може да
се анализираат.
Резултатите кои произлегоа од овој магистерски труд се потврдени и со
примена на иновираната технологија на изработка на хоризонталните рударски
простории во рудникот за олово и цинк „САСА“.
Клучни зборови
работна средина, нонел систем, контурно минирање.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:34
Last Modified: 22 Dec 2015 13:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14671

Actions (login required)

View Item View Item