Утврдување на факторите кои влијаат на формирањето на ставот на учениците за наставниот предмет математика

Arsov, Jordance (2015) Утврдување на факторите кои влијаат на формирањето на ставот на учениците за наставниот предмет математика. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Магистерски труд-Јорданче Арсов,konecen.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Магистерски труд-Јорданче Арсов,konecen.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Математиката не е само еден наставен предмет, но е дисциплина со која се соочуваме секојдневно, па затоа е важно да се подобри ставот за математика за да кај учениците се повеќе биде прифатена и сакана.
Во Р. Македонија во последните неколку години многу е популаризиран проблемот на подобрување на капацитетите на кадарот во образовните институции во функција на подобрување на реализацијата на наставата по математика. Имено, меѓународните тестирања кои беа направени за компарирање на постигањата на учениците по наставниот предмет математика, покажаа дека нивото на постигнувања на учениците во Р.Македонија заостанува во однос на постигнувањата на учениците од Европските земји и дека Република Македонија е една од земјите во кои што кај учениците постои страв од математиката како наставен предмет.
Овој страв, наречен математичка анксиозност е опишан и испитуван со останатите фактори во овој труд.
Во теренското истражување, се испитаа ученици по случаен избор од завршните години од основно и средно училиште за своите ставови во врска со математика.
Овој труд се состои од теоретски и емпириски дел.
Во теоретскиот дел од ова истражување се врши вовед во предметот за истражувањето. Се врши дефинирање на математиката како наставен предмет, кој е еден од клучните концепти на овој труд, понатаму се дефинираат останатите основни поими како што се ставовите, математичка аксиозност, учениците и училиштата . Исто така се наведени некои меѓународни истражувања, кои имаат влијание врз ова истражување односно се во негова координација.
Магистерски труд Јорданче Арсов
Емпирискиот дел од овој труд е централниот дел при што вклучува методологија на истражување, анализа и интерпретација на резултати и заклучоци.
Во методологијата на истражување ги дефиниравме и го опишав проблемот, целите, задачите, хипотезите, променливите, методите, техниките и инструментите, методи за анализа на податоци и организацијата и текот на ова истражување.
Извршена е презентација на резултатите добиени од истражувањето, дискусија и заклучок од добиените резултати.
На крајот е изведена користената литература и во прилог го доставуваме анкетниот прашалник, конструиран, прилагоден и користен за потребите на ова истражување.
Клучни зборови: став, математика, ученик, основно училиште, средно училиште

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:33
Last Modified: 24 Jun 2022 08:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14668

Actions (login required)

View Item View Item