Fotova, Gorica (2015) Систем на поддршка на развојот на мали и средни претпријатија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
17.12.2015 Magisterski trud-Gorica Fotova - Copy.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Денес постои мислење дека малите и средни претпријатија преставуваат едни од најзначајните фактори во заживување на економската активност во секоја национална економија и во решавање на бројни проблеми поврзани со успешноста во работењето и динамизирањето на стопанскиот развој. Неспорно е дека малите и средни претпријатија имаат голема улога во решавање на проблемот на вработување, успешно работење и стопански развој, но не се единствен фактор за решавање на овој проблем. Тоа упатува на потребата од објективизирање на клучните фактори и субјекти во развојот на економијата, како и објективизирање на местото на малите и средни претпријатија во развојот на националната економија.
Современата теорија покажува дека успешноста во работењето и развојот на оваа група претпријатија во голема мерка зависи од финансиската и нефинансиска поддршка која истите ја добиваат. За разлика од големите претпријатија, малите и средни претпријатија никогаш не можат да ги обезбедат производните и развојни капацитети кои се неопходни за самостојно и успешно функционирање и јакнење.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 22 Dec 2015 13:28 |
Last Modified: | 22 Dec 2015 13:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14665 |
Actions (login required)
View Item |