Smokovski, Ivica and Davceva, Jelka (2006) Effect of insulin therapy on lipid profile in type 2 diabetes subjects receiving simvastatin therapy for prevention of cardiovascular diseases. Macedonian Medical Review, 60 (3-4). pp. 151-155. ISSN 0025-1097
Preview |
Text
Effect of insulin therapy on lipid profile in type 2 diabetes subjects receiving simvastatin therapy for prevention of cardiovascular diseases.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Вовед: Липидниот метаболизам е нарушен кај лица со дијабетес тип 2, што претставува ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања (КВЗ). Цел: Да се одреди влијанието на инсулинската терапија врз липидниот профил кај лица со дијабетес тип 2 претходно поставени на терапија со симвастатин за примарна или секундарна превенција на КВЗ. Методи: Ретроспективна, опсервациона, крос-секциона студија на 114 лица со дијабетес тип 2 по 6 месеци од инсулинската терапија. Резултати: Сигнификантно намалување на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот (средна вредност ± СД) (6,9 ± 1,6 на 6,3 ± 1,2; и 4,6 ± 1,3 на 4,1 ± 1,2 ммол/л; соодветно, п<0,001) асоцирано со подобрување на гликемиската контрола (ХбА1ц: 9,4 ± 2,1 на 7,9 ± 1,4%; п<0,001); без оглед на присуството на КВЗ или полот. Единаесет лица (9,6%) ја достигнаа целната вредност за ЛДЛ холестеролот (< 2,6 ммол/л) по инсулинската терапија наспроти 7 лица на почетокот (НС).
Заклучок: Подобрувањето на гликемиската контрола со воведувањето инсулинска терапија овозможува дополнително подобрување на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот кај лица со дијабетес тип 2 претходно поставени на симвастатин како примарна или секундарна превенција за КВЗ.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivica Smokovski |
Date Deposited: | 21 Dec 2015 10:15 |
Last Modified: | 21 Dec 2015 10:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14614 |
Actions (login required)
View Item |