Испитување на потенцијалот на енергетски целулозни култури во регионот на Пелагонија - Р. Македонија во тек на 2015 година

Karov, Ilija and Ilieva, Verica and Ivanova, Violeta and Balabanova, Biljana (2015) Испитување на потенцијалот на енергетски целулозни култури во регионот на Пелагонија - Р. Македонија во тек на 2015 година. [Project]

[thumbnail of Опис на проектните  активности (1).pdf]
Preview
Text
Опис на проектните активности (1).pdf

Download (453kB) | Preview
[thumbnail of План за работа.pdf]
Preview
Text
План за работа.pdf

Download (533kB) | Preview
[thumbnail of завршен извештај македонски.pdf]
Preview
Text
завршен извештај македонски.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Проектот (био)Етанол во Пелагонија е оценување на агро-еколошките и почвени услови во Пелагонија, Р. Македонија, за производство на енергетски целулозни култури, конкретно switchgrass – Panicum virgatum L. и сирак, кои би претставувале суровина за производство на биогориво во фабрика (индустриски капацитет) што треба да биде изградена во близина на Прилеп. По извршување на експерименталните активности, планирано е производството на енергетските култури да се изведува на површина од 18.000 ha главно напуштени, маргинални парцели доведувајќи ги во услови од кои ќе се остварува ефикасно земјоделско производство, и на дополнителни 2000 ha на наискористено или напуштено, но добро земјоделско земјиште од кои би се подобрило и зголемило земјоделското производство. Директно, проектот ќе создаде 1000 работни места, а на годишно ниво ќе резултира со производство на пола милион (500.000 t) од енергетските култури (сирак и switchgrass), до 75.000 t слама, до 75.000 t пченица и маслодајна репка и до 200 t домати. Покрај тоа, проектот ќе може да откупува и до 50.000 t/годишно на индустриски земјоделски отпад во Р. Македонија.
Индиректно, проектот ќе работи (соработува) со земјоделските производители од Пелагонија (вклучувајќи ги оние кои можат да бидат “вработени” во проектот) во подобрување на нивниот приход на фарма и разновидноста од земјоделските култури и извори на приходи, преку обезбедување на пристап до модерни земјоделски технологии во насока на подобри земјоделски инпути и зголемување на земјоделското производство. Индиректно проектот (најверојатно) ќе создаде дополнителни 1000 работни места и ќе резултира со годишно растечко производство од 20.000 t пченица и маслодајна репка, пазар за повеќе од 100.000 t слама која во моментов е неискористена или е недоволно искористена (вклучувајќи го и нејзиното палење на земјоделските површини), како и производство на 150.000 t енергетски култури.
Целта на проектните експериментални активности е утврдување на потенцијалот на енергетските целулозни култури, во конкретниов случај на switchgrass – Panicum virgatum L. и на целулозниот сирак одгледувани во пелагонискиот регион во насока на обезбедување на суровина за производство на биогориво во фабрика која ќе биде изградена во близина на Прилеп. Ова ќе биде прва година од испитувањата со овие специфични земјоделски култури во овој регион. Како резултат на тоа, голем број на потенцијални локации беа идентификувани кои се разликуваат според близината, типот на почвата, присуството/отсуството на врнежи и други фактори.

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Balabanova
Date Deposited: 21 Dec 2015 13:58
Last Modified: 21 Dec 2015 13:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14586

Actions (login required)

View Item View Item