Хетеролошките аспекти на романот „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски

Mladenoski, Ranko (2015) Хетеролошките аспекти на романот „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски. Спектар, 32 (65). pp. 98-108. ISSN 0352-2423

[thumbnail of Ranko Mladenoski za Bajazit i Olivera od Mihajlovski Spektar.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Bajazit i Olivera od Mihajlovski Spektar.pdf

Download (682kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се анализираат и се интерпретираат структурните елементи од романот „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски коишто се однесуваат на интеракцијата на различните култури. На почетокот се нудат најопштите теориски постулати на хетерологијата (или ксенологијата) како наука за Другоста, односно за различноста, при што се определуваат базните терминолошки инструменти што се неопходни за ваквиот вид интерпретации, како што се: дијалогизам, интеркултурна комуникација, колонијален субјект (колонизаторски субјект и колонизиран субјект), културни семиосфери, европоцентризам (ориентализам), супериорност, инфериорност, национализам, егзотизам и слично. Во апликативниот дел од трудот се елаборираат наративните сегменти од романот што се однесуваат на реализираниот интеркултурен дијалог на релација Европа – Азија, односно Србија – Османлиска Империја, при што како стартна точка се зема бракот меѓу српската принцеза Оливера Лазаревиќ и турскиот султан Бајазит I. При интерпретацијата на ваквите делови од романот се земени предвид, пред сè, цивилизациските разлики во тој хибриден полигамиски амбиент коишто се многубројни и ги засегаат најсуштествените категории што го сочинуваат културниот идентитет – јазик, религија, етничка припадност, националност. Но, во трудот се анализираат и мултикултурните аспекти на нарацијата од романот затоа што во одделни негови фрагменти доаѓаат во допир бројни култури како што се српската, турската, македонската, татарската, персиската итн.
Во заклучокот од овој труд се нагласува дека темелната поента од романот „Бајазит и Оливера“ на Драги Михајловски се состои во идејата за неминовноста од интеракцијата на различните култури, независно од тоа дали причината за таа неминовност е љубовта, страста, омразата, суетата, алчноста или, пак, сето тоа заедно.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 14 Dec 2015 09:36
Last Modified: 14 Dec 2015 09:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14465

Actions (login required)

View Item View Item